Connect with us

Домашни банки

Перфектна година за Стопанска банка АД Скопје: Добивка од 36 милиони евра во 2016 година!

Објавено

на

Стопанска Банка АД Скопје (во натамошниот текст: СБ или Банката) продолжи со остварувањето на извонредни резултати и во текот на 2016 година, остварувајќи добивка пред оданочување во износ од МКД 2.503.721 илјади денари.

 

Овие резултати се остварени во согласност со деловната политика на Банката, во опкружување исполнето со многу предизвици кои произлегуваат од глобалниот и домашниот амбиент.

 

Клучни фактори за остварување на овие перформанси се дефинираната бизнис стратегија, прудентното управување со ризиците и јасен фокус на исполнување на деловните цели.

Вкупната актива на СБ на 31.12.2016 година достигна 86.153.339 илјади денари, што претставува пораст од 1,49% во однос на предходната година. Најзначајни промени беа забележани во позицијата кредити и побарувања од комитенти, која забележа пораст од 5,54% и изнесува 58.654.991 илјади денари.

Депозитите на небанкарскиот сектор на СБ забележаа пораст од 1.188.139 илјади денари, или 1,77% во однос на 2015 година, и достигнаа ниво од 68.291.877 илјади денари.

Добивката пред оданочување достигна износ од 2.503.721 илјади денари и истата е поголема за 16,89% во однос на минатата година.

Нето приходите од камата изнесуваат 3.637.117 илјади денари, и се повисоки во однос на предходната година за 7,90%, пред се како резултат на зголемените салда на користени кредити.

Приходите од провизии и надомести изнесуваат 1.052.579 илјади денари и се поголеми од минатогодишните за 1,83%, додека расходите од провизии и надомести се зголемени за 2,41% и изнесуваа 100.964 илјади денари.

Нето приходите од тргување изнесуваат 66.350 илјади денари и се поголеми за 53.043 илјади денари во однос на минатата година. Исто така, и  нето приходите од курсни разлики забележаа пораст од 43.229 илјади денари.

Останатите приходи од дејноста изнесуваа 338.653 илјади денари, додека останатите расходи од дејноста со состојба 31.12.2016 се  1.038.109 илјади денари.

Заклучно со 31.12.2016, исправката на вредност на финансиските средства на нето основа изнесува 490.974 илјади денари, а исправката на вредност на нефинансиските средства изнесува 154.022 илјади денари.

Одличните резултати од работењето овозможија СБ во текот на 2016 година да исплати дивиденда на имателите на обични акции, на тој начин обезбедувајќи значаен поврат на инвестицијата.

 

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола доделува бесплатни влезници за ЗОО Скопје

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е верен пријател на Скопската зоолошка градина. Со посебна акција ја изразува поддршката на едно од најубавите и највеселите места за забава во градот. (more…)

Продолжи со читање

Business Man

Членот на Надзорниот одбор Горан Антевски купи нови 400 акции од Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025”

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година е пријател на 11-то издание на самитот ,,Македонија 2025” кој се одржува во Скопје. (more…)

Продолжи со читање


Популарно