Connect with us

Осигурување

Пензиските друштва донираа пациент-монитори за Универзитетската клиника за инфективни болести

Објавено

на

Трите пензиски друштва, Сава пензиско друштво, КБ Прво пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, донесоа заедничка одлука за пренамена на планираните средства од заедничката едукативна кампања за набавка на опрема за ЈЗУ Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Со цел да им се помогне на здравствените институции и лекарите пензиските друштва донираа три пациент-монитори од производителот „Edan Instruments“. Со овие монитори се следат виталните функции на пациентите како што се брзината и ритамот на чукање на срцето или ЕКГ (ECG), крвниот притисок, телесната температура, брзината и ритамот на дишење и заситеноста со кислород.

„Како општествено одговорни компании на овој начин сакаме да дадеме поддршка на институциите и заедницата во справување со кризата. Борбата со Ковид-19 вирусот е заедничка и сите ние заедно преку лична и општествена одговорност треба да дадеме свој придонес. Со оваа наша донација се надеваме дека ќе помогнеме што побрзо да се надмине оваа криза. Во оваа прилика би сакале да упатиме и голема благодарност до сите лекари и здравствени работници кои во овие моменти даваат натчовечки напори во справување со оваа ситуација.“, изјавија пензиските друштва по повод донацијата.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Осигурување

ВИНКО – мудар избор за заштита и сигурност на Вашите најмили!

Објавено

на

Сите родители го сакаат најдоброто за своите деца, но не секогаш тие можат да им ја обезбедат иднината што ја посакуваат. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Сава пензиско друштво а.д. Скопје со известување за членовите со бенефициран стаж

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги известува своите членови дека согласно закон членовите на задолжителните пензиски фондови кои навршиле стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, почнувајќи од 1 јули 2020 година имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати. (more…)

Продолжи со читање

Популарно