Останато
Пензионерскиот синдикат незадоволен од петтиот пакет антикризни мерки


Пензионерскиот синдикат на Македонија е незадоволен од петтиот пакет мерки и смета дека треба сите пензионери да бидат опфатени со сет антикризни мерки за помош.
„Сметаме дека со овој сет на антикризни мерки требаше да бидат опфатени сите пензионери, имајќи во предвид дека дел од пензионерите добија помош со претходната мерка. Очигледно е дека како старосна група, пензионерите и постарите лица на граѓани не се сметаат за група на која и е потребна помош, а во суштина се група на граѓани кои се последни на списокот за да се подобри нивниот економско-социјален стаус во државата”, се вели во реакцијата од синдикатот, кој делува во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати.
Пензионерскиот синдикат бара да се врати и стариот начин на усогласување на пензиите согласно трошоците на живот и покачувањето на просечната нето плата исплатена во последните шест месеци.
„Соодносот во 2018 година на просечната плата со просечната пензија изнесувал 60 проценти, додека ако се види тој сооднос денес, тој изнесува 56 проценти, (односно просечна пензија во износ од 15.449 денари) од што може да се заклучи дека пензиите стагнираат и покрај тоа што реалност е и инфлацијата и покачувањето на платите”, посочуваат од синдикатот.
Оттаму реагираат и дека одредени институции не дозволуваат да се регистрира синдикатот иако е формиран во 2018 година.
Останато
Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК


Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)
Останато
Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”


Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите