Connect with us

Останато

Пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 1,8 проценти

Објавено

на

Пензионерите насмеани ќе ја дочекаат новата пензија која треба да им легне на трансакциските сметки за претходниот месец, откако Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплата на септемвриската пензија на почетокот на октомври ќе се изврши усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8% кое се прави согласно со порастот на платите и трошоците на живот.

„Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено новото усогласување на пензиите од 1,8% за месеците јули и август. Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8%, но без дополнителни разлики од претходниот период“, велат од Министерството.

Просечната пензија за септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8% изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69%.

 

Останато

На повикот “СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка се пријавиле 186 компании

Објавено

на

Во Фондот за иновации и технолошки развој беа презентирани првичните резултати по завршената административна проверка на пристигнати апликации на јавниот повик за инструментот „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт ап и спин оф – СтартАПувај“, финансиран од ФИТР и Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Уапсени членови на меѓународна група која ограби сефови во две македонски банки

Објавено

на

Обвинителството за организиран криминал отвори истрага против седуммина осомничени за ограбување сефови во две македонски банки, објави Сакам да кажам. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЗВРМ и ИОРРМ

Објавено

на

На 09-ти Јануари 2019 година, Здружението на Внатрешни Ревизори на Македонија (ЗВРМ) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата Внатрешен Ревизор и Овластен Ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange