Connect with us

Сметки

Пензионерите ќе ги добијат априлските пензии на крајот од тековниов месец

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на својата последна седница одржана во текот на вчерашниот ден ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

Тоа го најави министерката за финансии, Нина Ангеловска на прес-конференција на која беше соопштено дека се исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година. Ангеловска информираше дека МФ и Народната банка заедно со банките веќе се подготвуваат за исплата на пензиите кои опфаќаат 20 пати поголем број на граѓани отколку исплатата на субвенциите на тутунот, што беше најавено вчера.

„Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето  и да се избегнат ризиците”, најави Ангеловска.

Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Домашни банки

„ШТЕДИ И КОГА ПЛАЌАШ“ – нова услуга од Шпаркасе Банка за сите корисници на дебитни картички

Објавено

на

Со цел промовирање на штедењето како корисна навика важна за финансиското здравје, како и одговарање на предизвикот наречен штедење, каде што секој клиент може да штеди и тоа незабележливо, Шпаркасе Банка воведе нова услуга за корисниците на дебитни картички издадени од Банката – Штеди и кога плаќаш. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Отсега отворање сметка во Халкбанк на било кој шалтер на Македонска пошта АД

Објавено

на

Сите корисници на поштенски услуги отсега, во било која од 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД, со 470 шалтерски места, ќе можат да отворат сметка во Халкбанк АД Скопје со што стануваат клиенти на банката и со тоа добиваат можност за безготовинското плаќање на сметки и други режиски трошоци преку нивната сметка во банката со пониски провизии, но и пристап до други банкарски услуги што ги нуди Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно