Сметки
Пензионерите на НЛБ, Шпаркасе и Еуростандард банка веќе ја имаат пензијата на своите сметки


Примателите на пензија во НЛБ, Шпаркасе и Еуростандард Банка веќе можат да располагаат со својата декемвриска пензија. Поради новогодишните празници, пензиите за месец декември им беа исплатени неколку дена порано.
Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, Еуростандард банка започна исплатата на пензиите да ја врши во првиот работен ден во месецот без оглед дали истите се префрлени од страна на пензискиот фонд или не. На овој начин им се овозможува на пензионерите клиенти на Банката да располагаат со средствата од својата пензија уште во првиот работен ден во месецот.
Пред почетокот на новогодишните празници, Шпаркасе Банка на своите клиенти – корисници на услугата „Пензија на 1-ви“, ќе им ја исплати декемвриската пензија на 30-ти декември. „Пакетот за пензионери“ е креиран специјално според потребите на пензионерите, но негова главна предност е тоа што клиентите ја добиваат својата пензија – точно на 1-ви секој месец. Со ова прецизно, редовно и навремено исплаќање на пензиите, клиентите на Шпаркасе Банка можат практично и навремено да управуваат со своите средства.
“Ги известуваме сите клиенти – пензионери кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка, дека пензијата за месец декември 2016 година, Банката ќе им ја исплати на 29.12.2016 година – четврток.” – се вели во соопштението објавено на веб страната на НЛБ Банка.


Домашни банки
Garmin Pay – нова иновативна услуга за брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник од Халкбанк
Сметки
Силк Роуд Банка со промотивна кампања за дозволено пречекорување на сметка за правни лица


Силк Роуд Банка воведе нов производ наменет за сите правни лица постојни клиенти на банката – дозволено пречекорување на трансакциска сметка („overdraft“). (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка го намали месечниот надоместок за одржување на трансакциска сметка за физички лица


Во услови за справување со пандемијата која ја предизвика коронавирусот КОВИД-19, одржувањето на економската стабилност и благосостојба на сегашните и идни клиенти претставува врвен приоритет за менаџментот во Шпаркасе Банка Македонија. Особено за сегментот население, кој во овој период е фокусиран првенствено кон заштита на сопственото здравје и обезбедување на потребната сигурност, овозможуваме поддршка со намалување на месечниот надоместок за одржување на трансакциската сметка за 50%, со важност од 18 август 2020 година. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!