Connect with us

Кредити

Пензионерите во Србија можат да плаќаат рати за кредит до својата 80-та година!

Објавено

на

Банките во соседна Србија ги продолжија роковите за отплата на кредити за пензионери. Со оваа промена, пензионерите имаат можност да ги користат кредитите до својата 80-та година.

За банкарите, највозрасните клиенти се воедно и најдобри клиенти затоа што на време вршат отплата на своите месечни рати за кредит. Поради тоа, банките во соседна Србија им нудат на пензионерите се повеќе поволности.

Зависно од пензијата која ја зема клиентот, имаат можност да се задолжат до 1,2 милиони динари со максимален рок на отплата до 10 години. Секој кеш кредит наменет за пензионер, задолжително е осигуран кај осигурителна компанија, така што нуди заштита и за банката и за клиентот. Најголем дел од банките го преземаат трошокот за осигурување на свој терет, што ги прави овие кредити максимално привлечни.

Банките во Македонија се многу повнимателни кога се во прашање износот, рокот на отплата и максималната возраст до која пензионерот може да плаќа обврски по кредити. Износот на кредитите се движи до максимум 900.000 денари, рокот на отплата до 96 месеци, додека максималната возраст до која клиентот може да плаќа обврски за кредити е 75 години.

Само дел од банките во Македонија нудат кредити за пензионери кои се осигурани, така што во случај на смрт, обврските не се пренесуваат на наследниците. Во тој случај, осигурителната компанија ги покрива сите трошоци.

Во периодот кој следи, ќе анализираме дали банките во Македонија ќе ги “олеснат” условите под кои пензионерите можат да се задолжат. Еден од аргументите кои оди во прилог е секако животното осигурување, кое иако е во постојан подем сеуште има пред себе огромен неискористен потенцијал.

Кредити

Силк Роуд Банка го промовираше новиот станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,7% во првите три години

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД Скопје лансираше на пазарот нов производ – станбен кредит со најниска каматна стапка во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Потребен ви е кредит до 30.000 денари со одобрување за 30 минути?

Објавено

на

Флексибилноста на институцијата, намалување на огромниот сет на документи неопходни за аплицирање за одреден кредитен продукт и брзото одобрување се главните предности кои придонесуваат кон зголемување на задоволството на клиентот во соработката со финансиските институции. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка со промотивни услови за пензионери

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје со цел да излезе во пресрет на барањата на клиентите кои примаат редовни примања по основ на пензија им овозможи да аплицираат за Супер 5 кредитот по промотивни услови: (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange