Connect with us

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник)

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација донира лаптопи за студенти и ученици

Објавено

на

Финансиската писменост е еден од важните предуслови за квалитетен живот, спокојно планирање на животните трошоци и распоредување на приходите на секој поединец. Македонската банкарска асоцијација особено внимание посветува на финансиската писменост на клиентите на членките на асоцијацијата, банките и штедилниците, и вложува ресурси за нејзино подобрување, почнувајки од најраните години на децата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка со уште една општествено одговорна мисија – Онлајн обуки за практични вештини и знаење на 500 средношколци

Објавено

на

Во услови на пандемија од вирусот Covid-19 и ограничен пристап на учениците до наставните процеси, Комерцијална банка успеа на 500 средношколци од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ од Скопје да им пренесе практични вештини и знаење на теми од суштинско значење за нивното образование, идно вработување и градење здрави финансиски навики. (more…)

Продолжи со читање

Популарно