Connect with us

Останато

Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Објавено

на

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти.

„Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември, заедно со ова покачување и тоа кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти што никогаш досега во историјата на државата се нема случено”, нагласи Ковачевски.

Останато

ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стапката на инфлација во Аргентина се искачи на повеќе од 100 проценти

Објавено

на

Стапката на инфлација во Аргентина изнесува повеќе од 100 проценти, што се случи за првпат по хиперинфлацијата во оваа земја во текот на 90-тите. Аргентина банкротираше во 2001 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во САД се намалува и достигна ниво од шест проценти

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во февруари во САД падна на шест проценти, што е најниско од септември 2021 година и е во согласност со прогнозите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно