Connect with us

Форекс

Паѓаат светските берзи во очекувaње на новите карантини

Објавено

на

Коронавирусот силно удри по светската економијата. Стравувањата дека инфекцијата со Ковид-19 повторно излегува надвор од контрола, но и одлуките на голем број на држави да го вратат карантинот како мерка за спречување на ширењето на вирусот, доведе до зголемување продажбата на акции на светските берзи.

Неколку дена по ред индексите на Волстрит се во слободен пад, а американските берзи вчера го претрпеа најлошиот ден во последниот месец. Голем број на експерти сметаат дека новите рестрикции кои ги воведоа пред се, Франција и Германија, две од најголемите економии во Европа, ќе доведат до нови потреси на пазарот.

Мислам дека сето ова што се случува ги тера луѓето да си кажат дека сега е време да си повлечат дел од парите и да го намалат ризикот. – изјави изјава Грег Тејлор, главен директор за инвестиции во „Purpose Investments“.

Индексот на акции во Азија и Пацифик, падна за 0,7 проценти. На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,4 проценти, додека цените на акциите во Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа од 0,4 до 1,3 проценти.

Ништо подобро не е ниту во Европа каде индексот падна за 1,8%. Сепак, Претседателката на Европска централна банка Кристил Легард вели дека кризата довела до заедничка соработка на земјите од Европа.

„Сите 27 земји членки одлучија заедно да позајмат пари со цел да им обезбедат грантови на оние кои се најтешко погодени од кризата. Вакво нешто се нема случено досега. Би рекла дека големината на поддршката која ја обезбедивме ги даде посакуваните резултати. Сакавме да ги стабилизираме пазарите и мислам дека успеавме во тоа.“ – изјави изјава Кристин Легард – Претседателката на Европска централна банка.

Пандемијата на коронавирусот, но и наглото зголемување на производството на нафтата во неколку африкански држави, доведе и до пад на цените на црното злато, но и до намалување на побарувачката во САД и Европа. Само во текот на вчерашниот ден, цената на нафтата имаше намалување за 3 проценти.

А додека економиите ширум светот се во слободен пад, кинескиот БДП забележа раст од 4,9 проценти. По шокот предизвикан од коронавирусот на почетокот на годината, втората по големина светска економија, доби забрзување во третиот квартал од годината, покажуваат податоците на кинеската служба за статистика.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато

Објавено

на

Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?

Објавено

на

На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно