Connect with us

Анализи

Партиска книшка или вистински квалификации – што е пресудно за вработување на високо раководни позиции?

Објавено

на

Институциите обезбедуваат услуги како за граѓаните така и за други институции и се клучна алка во успешното спроведување на реформските процеси. Тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење директно влијаат врз вкупниот квалитет на живеењето и развојот на заедницата.

Подобрувањето на нивното работење и квалитетот на нивните услуги многу зависи од луѓето кои се поставени на раководните позиции односно какви компетенции имаат тие и колку се искусни за позицијата.

Затоа процесот на назначување на директорските места е од исклучителна важност за доброто управување на институциите и мора да биде ослободен од приватниот интерес на партиските и бизнис елитите. Раководните лица треба да имаат соодветно знаење и искуство за да можат суштински да придонесат при функционирањето на институцијата, а со тоа и да се зголеми квалитетот на услугите кои треба да ги пружат.

„Пушти го, наше дете е“, „Поздрави го од мене, кажи му дека си мое дете, ќе те положи“, „Средено е, ќе ја добие работата, добро е што има членска“. Колку пати сте ги слушнале тие фрази во секојдневието? До кога партиската книшка ќе носи повеќе поени од вистинските квалификации?

Што се случува кога владејачката структура треба да назначи лица на раководни позиции?

Проблемот во процесот на вработувањето во јавната администрација е тоа што тој не вклучува повеќе кандидати од кои треба да се избере најдобриот, туку најчесто однапред се знае кој треба да ја добие позицијата. Работните позиции, особено оние на повисоките раководни функции, се делат преку ноќ, зад затворени врати.

Големата најава заврши неславно

Институт за демократија „Социтас Цивилис“, анализираше 116 именувања направени по парламентарните избори во 2020 година. Истражувањето покажува дека постои значително отстапување помеѓу она што го вети Владата и она што го реализираше.

Праксата на именување на директори кои се вршители на должност e доминантен начин на именување, наместо исклучок. Во дури половина од случаите, именувани се в.д директори, а тоа најчесто се прави за да се избегнат процедурите на именување. Анализата покажува дека 55% од кандидатите имаат минимум искуство во раководење што ќе овозможи независно и ефикасно да ја исполнат задачата. Ова е најзначаен недостиг во системот на именување и најслабата точка во обезбедување ефикасни институции.

За да се врати довербата во процесот на именување кај граѓаните, потребно е сите назначувања во институциите јавно и транспарентно да се прикажуваат и објавуваат. Вклученоста на јавноста во самиот процес, дополнително ќе придонесе за препознавање и избор на најсоодветниот кандидат.

Целосната анализа за назначувањата на високи раководни структури може да ја најдете тука.

Анализи

Кои финтек компании во Македонија ќе бидат конкуренција на банките?

Објавено

на

Најизвесно е дека тоа ќе бидат телекомуникациските оператори бидејќи веќе имаат ликвидни средства и голема база на клиенти, ИТ компаниите кои нудат или поседуваат софтверски решенија за процесирање и евентуално постоечките финансиски друштва, кои агресивно го освојуваат пазарот на финансиски услуги. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонските банки со најуспешни резултати на ниво на цел регион

Објавено

на

Повеќе од успешни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!

Објавено

на

Македонскиот банкарски систем е стабилен и сигурен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот, беа уверувањата од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка. (more…)

Продолжи со читање


Популарно