Connect with us

Останато

Паолучи од Светска банка: Растот на економијата ќе се враќа како што ќе слабее пандемијата

Објавено

на

Растот не економијата се очекува да се враќа како што ќе слабее пандемијата. Под претпоставка дека нема да има нови ограничувања на движењето и нема да има нови бранови на Ковид-19 во текот на претстојната зима, растот во 2021 година би требало да стане позитивен и да достигне ниво од 3,6 проценти.

Ова го наведува новиот директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава Масимилиано Паолучи во интервју за МИА, кој додава дека краткорочните изгледи се позитивни, но со нагласени надолни ризици.

„Фазата на ограничување сѐ уште не е завршена, а подолгиот период на спроведување на политиките на социјално дистанцирање ќе влијае врз фирмите, приходите на домаќинствата и трошењата во здравство”, истакнува Паолучи.

Тој порачува дека економските и социјалните мерки за надминување на кризата ќе треба да бидат главниот приоритет на властите. Сепак, смета, потребно е да се посвети соодветно внимание и на спроведувањето на фискални реформи, како и реформи за подобрување на конкурентноста, животната средина и управувањето со цел да се унапреди економското закрепнување и фискалната стабилност, истовремено забрзувајќи го процесот на пристапување кон ЕУ.

Оценува дека во сегашното затегнато фискално опкружување, Владата треба да ја разгледа можноста за приоретизирање на расходите со намалување на трошењата кои не се приоритет, фокусирање на поедноставни фискални мерки кои се добро таргетирани, транспарентно спроведени и временски определени. На овој начин, истакнува, ќе се обезбеди простор за поголеми капитални трошења во иднина, што треба да биде поддржано со подобрувања во постапките за управување со јавните инвестиции.

За финансирањето на потребите на државата, вели дека Владата беше проактивна и ги обезбеди потребите за финансирање за 2020 година. Меѓутоа, додава, кризата сѐ уште е далеку од завршена и има значителни потреби за финансирање за 2021 година, како за отплата на кредити и обврзници кои доспеваат, така и за можното продолжување на поддршката на економијата.

Во однос на банкарскиот сектор во интервјуто наведува дека за во иднина, домашниот финансиски сектор би требало да биде во позиција да го поддржи закрепнувањето бидејќи банкарскиот систем во земјата е стабилен, добро капитализиран и профитабилен.

Потенцира дека поддршката од Светска банка останува и понатаму.

„Обезбедивме финансирање и техничка помош за надминување на непосредните последици од пандемијата и остануваме посветени да работиме заедно со властите, со приватниот сектор, со граѓаните во Северна Македонија и со други развојни партнери за да помагаме на земјата во справувањето со пандемијата и во спроведувањето на плановите за закрепнување.”, вели Масимилиано Паолучи.

Во интервјуто директорот на Канцеларијата на Светска банка се осврнува и на најавите за можноста за откуп на пензискиот стаж, како и за состојбата во образованието.

Целосното интервју на Масимилиано Паолучи за МИА можете да го погледнете на следниот линк.

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно