Connect with us

Останато

Панел-дискусија „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво“

Објавено

на

Националната платформа за женско претприемништво денеска ќе одржи панел-дискусија на тема „Дигитална трансформација и нови можности за женско претприемништво”.

Како што информираат од платформата, на панел-дискусијата за актуелната тема ќе зборуваат Весна Иваноска – директор на SEAVUS едукативен и развоен центар, Анета Антова Пешева – претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, Флорина Џингова – генерален менаџер и водечки инструктор во М3ДС Академијата, Македонка Димитрова – професор, претприемач и истражувач во полето на дигиталните и зелените бизнис модели во рамките на Институт за одржливост ЕКОС Скопје, Ирена Георѓиевска – раководител на одделение за спроведување на програми во Фондот за иновации и технолошки развој и Орхидеја Ѓоргоска – државен советник за финансиски прашања и координатор за еднакви можности и недискриминација при Министерство за информатичко општество и администрација.

Форумот во име на Националната платформа за женско претприемништво ќе го отвори претседателката Валентина Дисоска, која е и претседател на Здружението на бизнис жени а презентација за достигнувања, можности и потенцијали за развој на женското претприемништво, во име на тимот на Националната платформа ќе има Емилија Андонова од Фондација МИР, партнер во проектот Националната платформа за женско претприемништво.

Модератор на настанот ќе биде Викторија Митрикеска – локален координатор на Национална платформа за женско претприемништво во Скопскиот плански регион.

Регионалниот форум се организира во рамките на Националната платформа за женско претприемништво, која е воспоставена преку проект кофинансиран од ЕУ, а е спроведуван од Здружение на бизнис жени во партнерство со Сојуз на стопански комори на Македонија, Национална федерација на фармери и Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР.

Останато

Рекордна инфлација од 14,4 проценти во Босна и Херцеговина

Објавено

на

Инфлацијата во Босна и Херцеговина во мај достигна 14,4 проценти во однос на истиот месец во 2021 година, што претставува највисоко ниво во историјата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

South Side Cocktail Bar – првиот крипто бар во Македонија

Објавено

на

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Започна етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 година (вторник) започна етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно