Останато
Пандемијата ја зголеми побарувачката за роботи и вештачка интелигенција во компаниите


Американските компании „вработуваат“ рекорден број роботи, па така од 1-ви јануари до 30-ти септември годинава во бизнисот биле вклучени 29.000 машини.
Во многу индустрии, побарувачката за вработени е поголема од понудата, па многу компании се свртеа кон автоматизација на бизнисот и се повеќе се потпираат на вештачката интелигенција.
Континуираната голема побарувачка за производи и недостигот на работна сила, како и промените на пазарот предизвикани од пандемијата, влијаат на зголемувањето на побарувачката за роботи, пренесуваат американските медиуми.
Компаниите во САД во текот на деветте месеци од оваа година „ангажирале“ голем број роботи, а тоа е зголемување за 37 проценти во однос на истиот период лани, што е повеќе во однос на рекордната 2017 година.
„Компаниите не можат да најдат доволен број работници, па се тркаат во автоматизација”, објаснува претседателот на Здружението за напредна автоматизација, Џеф Барнштајн.
Покрај недостигот на работна сила, роботите и автоматите во многу индустрии се покажаа како поисплатливи од човечката работа. Тоа најдобро може да се види во автомобилската индустрија, во чии погони и фабрики роботите се најзастапени, со текот на годините.
Сепак, во 2020 година продажбата на роботи во други индустрии за прв пат ја надмина нивната продажба во автомобилската индустрија, а овој тренд продолжува и оваа година.
Во исто време, немаше пад на нарачките за роботи во автомобилската индустрија, напротив, имаше раст од 20 проценти, но побарувачката за роботи во другите индустрии порасна со многу поголема стапка која надмина 50%.
Овие бројки јасно покажуваат што може да се очекува во иднина, во која побарувачката за роботи и автоматизација неколкукратно ќе расте во многу сектори и индустрии, а тоа ќе ги забрза производните процеси, но и, барем делумно, ќе го реши недостигот од работна сила.
Според „CNN”, за зголемената побарувачка за роботи придонесе и пандемијата, бидејќи многу компании повеќе не можат да ги вратат работниците што ги изгубиле поради проблеми со вирусот, па се свртеле кон „роботската алтернатива“.
Поради пандемијата, многу работници останаа без работа, а роботиката ќе „затвори“ дополнителни 85 милиони работни места.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје