Connect with us

Компании

ПАНДЕМИЈАТА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ – Лани имало 73.061 деловни субјекти, за 3,8 проценти помалку во однос на 2019 година

Објавено

на

Бројот на активните деловни субјекти во државава во 2020 година изнесува 73.061 и во однос на 2019 година е намален за 3,8 проценти. Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Други услужни дејности (15,2 проценти, односно за 911 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11,6 проценти, односно за 26 субјекти), објави Државниот завод за статистика.

Во 2020 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1,9 проценти, а секторот Информации и комуникации бележи пораст од 1,4 проценти.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2020 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30,4 проценти и Преработувачка индустрија со 11 проценти. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0,3 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0,3 проценти), Рударство и вадење на камен (0,3 проценти) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0,4 проценти).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82,1 процент имаат деловните субјекти со еден до девет вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8,3 проценти, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4,4 проценти, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3 проценти, со 1,9 проценти учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0,3 проценти од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Компании

200 НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Мајорел – Глобален водечки контакт центар доаѓа во Скопје

Објавено

на

Majorel, водечки глобален провајдер на сеопфатни решенија за корисничкa поддршка, отвoра прва канцеларија во Скопје, дополнително проширувајќи го својот глобален географски печат. Новата компанија  ќе отвори стотици нови работни места во регионот, потпирајќи се на висококвалификуваната работна сила во земјава, која зборува повеќе јазици, како и на образованите млади генерации во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Измени во составот на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ИутеКредит станува банка!? – Компанијата купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено

на

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно