Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

ССК: Паметните технологии во функција на намалување на загадувањето

Објавено

на

Здружена акција на приватниот и јавниот сектор за побрза транзиција и замена на старите возила со електричини чија мисија на јаглерод диоксид е нула проценти, итно справување со нелеганите бизниси за отпад, како и промовирање на стандардот за пасивни куќи кој  претставува највисок енергетски стандард и ја намалува потрошувачката на енергија за греење до неверојатни 90%, се трите аспекти кои согласно анализите ќе влијаат долгорочно на намалување на  загаденоста на воздухот, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК).

Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски, изјави дека согласно податоците на Меѓународната агенција за енергетика,  објавени минатата година, за една година бројот на електрични превозни средства на светско ниво пораснал рекордно на 3,1 милиони возила, а се предвидува до 2030 година да има раст од 125 до 220 милиони електрични возила во светот. Во продажбата на електромобили во Европа предничи Германија, а веднаш потоа е Норвешка. Според податоците на Европската асоцијација на производители, продажбата на електрични возила во оваа држава лани се зголемила за 70 проценти.

„Во нашата земја, интересот за ваков тип на автомобили е мал. Согласно податоците на Министерството за внатрешни работи до октомври 2018, на подрачјето на Скопје се регистрирани вкупно 48 електрични возила.  Причините се повeќе но генерално, се цените на автомобилите кои не секој граѓанин на Република Македонија може да си го дозволи, но и не доволно развиена инфраструктура и инсталирани полначи за овој тип автомобили, кои без станици за полнење можат да издржат околу 100 километри. За таа цел потребна е заедничка акција на приватниот и јавниот сектор за стимулирање на набавка на ваков тип автомобили. Со новите измени во Законот за возила предвидено е воведување на субвенции за електрични и хибридни возила, дополнително се предлага по примерот на западно европските земји каде е зголемена нивната употреба,  да се имплементира  поддршка во субвенционирани батерии и делови за електричните возила како и  да се разгледа можноста за бесплатна регистрација, бесплатни патарини и паркинзи кои би биле дпоплнителен стимул и поволност за секој оној кој ке се одлучи за ваква опција. Ќе го наведам примерот во Норвешка и Германија со купувањето вакви возила добивате низа поволности како ослободување од данок на продажба на автомобили, не се плаќа такса за движење, со нив може бесплатно да се патува на фериброд, ослободени се и од плаќање паркинг и број други потикнувања за зголемување на нивното користење“, изјави Милошевски и додаде дека само со здружена акција, соработка со Институциите и Фондот за инвации и технолошки развој за поддршка на одредени проекти од овој тип,  може да очекуваме побрза транзиција.

Дополнително направена е студија за оваа намена во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во која се предвидува до 2035 година, 40% од возилата да бидат електрични и за 35 отсто да се намали емисијата на јаглероден двооксид од транспортот, преку стимулирање на ваквиот тип автомобили.

Вториот аспект кој во голема мера ќе го намали загадувањето е итно справување со нелеганите бизниси за отпад, каде без дозвола се гори, не се следат никакви стандарди и не се знае каде се испуштаат непознати материи во воздухот и во почвата.
„Со употребата на новите технолигии особено со снимањето на теренот со помош на дронови институционално треба точно да се лоцираат можните диви отпади кои се големи загадувачи и кои на отворено неконтролирано палат отпад за понатаму да се превземат радикални чекори за нивно спречување. На тој начин лесно ќе се снимаат критичните точки и ќе се лоцира од каде доаѓа енормното загадување на воздухот. Дополнително потребно е итно постапување по дојави, бидејќи сето ова е и резултат на горење неразградливи и опасни материи по здравјето на граѓаните. Диви депонии и горење на штетни материи е заедничко за петте најзагадени градови во целиот свет, меѓу кои е и Скопје., изјави Милошевки.

Според анализите за решение на долг рок со употреба на паметните технологии треба да се поттикнува и градбата по стандардот за пасивни куќи кои претставуваат опција за нова и технолошки напредна градба, како во резиденцијални, така и во комерцијални и институционални проекти. Станува збор за  стандард со кој се означува највисокото ниво на енергетска ефикасност.

„Концептот на пасивни куќи претставува највисок денешен енергетски стандард со намалување на потрошувачката на енергија за греење на објекти дури до 90%. Пасивната куќа е добро изолирана, скоро херметички затворена градба која главно се загрева со пасивно соларно греење и со минимално внатрешно затоплување од домувањето, електричната опрема и сл., при што енергетските загуби се минимизирани. Секое дополнително загревање, доколку  има таква потреба се обезбедува во многу мали количини.  Со правилно функционално поставување и ориентација на прозорците и новата технологија на засенчување, се минимизира и потребата од разладни уреди“, истакна Милошевски и додаде дека во нашата земја има примери за користење и градење по стандардот на изведба пасивна куќа но потребно е истите да бидат поттикнати со извесни стимулации за нивно градење или купување.

Првите објекти на пасивна куќа се изградени во Германија, а сега веќе постојат над 14.000 сертифицирани пасивни домови, училишта, канцеларии, фабрики. Голем дел од овие згради се постојано под надзор на телата на ЕУ (Европската комисија), со цел анализа и потврда на нивните перформанси. Европската комисија веќе го изгласа овој стандард како дел од стратегијата за енергетска ефикасност.

Криптовалути

Серена Вилијамс инвестира во криптовалути!?

Објавено

на

Една од најуспешните тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс на својот Инстаграм профил објави дека има инвестиција во берзата за криптовалути Coinbase. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфо ден за промоција на можности за финансирање на фирми

Објавено

на

Во Скопје денеска ќе се одржи Инфо ден за промоција на можности за финансирање во рамки на проектот Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Journey to Audit Challenges – Професионален едукативен настан во организација на Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори

Објавено

на

Во интерес на заедничката соработка и промоцијата на професиите интерна и екстерна ревизија, Здружението на внатрешни ревизори и Институтот на овластени ревизори организираа професионален едукативен настан со наслов The Journey to Audit Challenges/Во чекор со предизвиците на ревизијата, кој се одржа во хотелот „Холидеј Ин“. Настанот претставуваше исклучителна можност за професионално усовршување, дискусија за улогата на интерната и екстерната ревизија во заштитата на интересите на акционерите и заинтересираните страни, како и дискусија за квалитетот на финансиското известување и интерните контроли со претставниците на ревизорската професија, финансиската и деловната заедница и регулаторните институции. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange