Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Пакомак ја додели наградата за НАЈ еко градоначалник

Објавено

на

Придонесот кон екологијата и чистата околина обично се наградува со поздраво и подобро место за живеење, но понекогаш тоа може да донесе и многу повеќе. Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, го освои второто место во конкурсот за Нај еко градоначалник за 2018 година, а Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ја наградија неговата општина со ново детско игралиште.

Наградата во форма на донација за Општината Кавадарци беше претставена денеска (10.10.2019), а детското игралиште официјално беше отворено во присуство на градоначалникот и претставници од двете компании.

На градоначалникот Митко Јанчев наградата му ја доделија Глигор Бишев Генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија, и менаџерот за грижа на корисници од Пакомак, Ико Брдароски.

За освоеното второ место Општина Кавадарци даде голем придонес во 2018 година преку: инвестирање во контејнери за селективно собирање отпад, овозможување за собирање на стакло преку HORECA (хотел/ресторан/кафе) сегментот, разни инвестиции за зазеленување на големи површини и урбана опрема и слично.

Преку стимулација предводена од награди и донации, Пакомак и Шпаркасе Банка Македонија ги поттикнуваат општините ширум земјата да направат позитивна промена и подобро да се грижат за околината. Донациите, кои се во корист на сите луѓе од месната заедница, претставуваат само показател дека добрата работа на општината, а чистата околина, еколошката средина и намалувањето на необновливиот отпад се трајната награда која произлегува од вложениот труд.

Домашни банки

ПроКредит Банка продолжува со ЕКО акцијата за чистење на животната средина!

Објавено

на

ПроКредит Банка продолжува со својата ЕКО акција за чистење на животната средина! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Подигнување на готовина без провизија од банкоматите на Охридска Банка

Објавено

на

Шпаркасе банка Македонија преку соопштение ги известува клиентите дека со приклучувањето на Охридска банка во рамките на Шпаркасе Групацијата ќе им биде овозможено да подигнуваат готовина без провизија од преку 120 банкомати поставени ширум државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Вози од срце“ проектот на Стопанска банка АД – Скопје ја оствари целта – Извозени 1 МИЛИОН километри на велосипед!

Објавено

на

Хуманитарна акција „Вози од срце“ е проект на Стопанска банка АД – Скопје со цел одбележување на 75-годишнината од постоењето со својата заедница. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange