Пакети
Пакет 6енефити само за тебе од Стопанска банка а.д. Битола


Стопанска банка а.д. Битола понуди нов промотивен ПАКЕТ 6 (Пакет 6енефити), пакет на производи со единствени услови кој одговара на сечии потреби.
Пакетот се состои од 6 производи:
- Денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување – до 1.500.000,00 денари;
- Кредитна картичка (Visa/MasterCard Standard) – до 3 (три) плати;
- Дозволено пречекорување по трансакциска сметка;
- Специјален лимит поврзан со MasterCard Debit платежна картичка – до 5 (пет) плати;
- СМС известување и
- Електронско банкарство
Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот.
Новиот пакет производи е наменет за физички лица. Каматната стапка на денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување е 4,99% фиксна за првата година, односно 5,50% фиксна каматна стапка за втората година и 6,80% променлива каматна стапка за останатиот период; со рок на отплата до 95 месеци; максимален износ до 1.500.000,00 МКД и истиот е без провизија за обработка. Единствените трошоци за кредитот се 700 денари за апликација за кредит и 2% провизија на одобрениот износ за обработка на барањето за кредит.
Кредитна картичка Visa/Mastercard standard согласно кредитната способност на барателот, лимит до 3 (три) месечни плати, но најмногу до 500.000,00 денари.
Дозволено пречекорување по трансакциска сметка + специјален лимит на Mastercard debit – до 5 месечни плати од кои: лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија и специјален лимит во висина од 2 месечни плати кои што корисникот на картичката може да ги користи исклучиво за подигање.
За да го активирате овој пакет обратете се во најблиската филијала на Стопанска банка а.д. Битола или дознајте повеќе информации на следниот линк.
Домашни банки
Пакет УНИ ИНОВАЦИЈА – нов пакет услуги од УНИБанка за компании преку ФИТР


УНИБанка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите и овој пат ќе бидат обезбедени за старт-ап компании. (more…)
Домашни банки
Силк Роуд Банка АД Скопје и ФИТР со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании


Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании.
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје