Криптовалути
Пазарот на криптовалути под притисок

Пазарот на криптовалути деновиве беше под огромен притисок. Криптовалутата етериум падна за 35 проценти за неколку дена, а биткоинот се намали под 10.000 долари откако надмина 12.000 долари пред неколку дена, граница што упорно беше голема пречка за биткоинот оваа година.
И покрај „преполовувањето“ (тоа се случи во мај), засега едноставно не оди на повисоко ниво, пишува „Seebiz“.
Значително внимание привлече една статија во „Bloomberg” во која нивниот аналитичар Мајк МекГлоун забележува дека сите сценарија се можни. „Цената на биткоинот според некои проценки може да достигне и до 500.000 американски долари, но може и да пропадне и да дојде на нула. Треба да има повеќе можности за раст, бидејќи тој е идеален магацин со вредност заради ограничената понуда од една страна и сè полабавите политики на централните банки.”, изјави МекГлон.
МекГлоун верува дека биткоинот сè повеќе станува дигитална верзија на златото. Неговата ограничена понуда (до последните 21 милиони биткоини) и зголемената побарувачка на крајот може да ја изедначат пазарната вредност на биткоинот со пазарната вредност на златото.
„Тоа значи девет трилиони долари! Ако го поделиме износот со 21 милион биткоини „во оптек“, ќе добиеме цена за еден биткоин од 428.571 долари”, вели МекГлоун. Тој, исто така, предвидува дека до следната година, етериум ќе дојде на второто место според пазарната капитализација, веднаш зад биткоинот.
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Криптовалути
Премиерот Ковачевски апелира: Да не се копаат криптовалути зашто тоа троши многу струја!

Премиерот Димитар Ковачевски апелира да не се копаат крипто валути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. (more…)
Криптовалути
Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер