Connect with us

Криптовалути

Пазарната капитализација на криптовалутите се ближи до рекордни 2 трилиони долари

Објавено

на

Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од рекорни два трилиони (2.000 милијарди) долари.

Вредноста на сите 9.115 криптовалути што ги следи „CoinMarketCap.com“, имаше комбинирана пазарна вредност од 1,996 милијарди долари, што претставува зголемување од околу 2,6% во последните 24 часа.

Вкупната вредност на сите криптовалути на почетокот на јануари надмина 1 трилион американски долари, потпомогната од силен биков пазар на биткоинот (БТК), како и поставување алтернативни дигитални средства, вклучително и етер (ЕТХ), матична валута на блокчејн мрежата „Етереум”.

Се разбира, најзаслужен за овој раст е биткоинот. Пазарната капитализација на најпопуларната криптовалута на почетокот на оваа година беше 680 милијарди долари за да скокне на 1,1 трилиони долари изминативе денови.

Неодамнешните објави за движења на криптовалутите од страна на етаблирани финансиски играчи како „Visa“, „PayPal“, „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ ја зајакнаа довербата на трговците дека криптовалутите ќе станат дел од финансискиот мејнстрим.

Во очите на инвеститорите, Биткоин стана дигитално злато, заштита од сите кризи што неизбежно ќе предизвикаат диво печатење пари насочено од централните банки, односно пред се висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

Неодамнешната анализа на реномираниот финансиски портал „Bloomberg” покажува дека се повеќе се намалуваат инвестициите во злато, а на нивна сметка се зголемуваат инвестициите поврзани со криптовалути, пред се во биткоини. Тие во анализата додаваат дека минатата година беше пресвртница за перцепцијата на биткоинот во очите на институционалните инвеститори.

Бидејќи светот се повеќе се дигитализира, „Bloomberg” верува дека улогата на биткоинот ќе продолжи да расте, па затоа е јасно дека оваа година неговата шестцифрена вредност ќе биде реалност.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Градоначалникот на Њујорк првата плата ја добива во криптовалути

Објавено

на

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно