Connect with us

Криптовалути

Пазарната капитализација на биткоинот надмина 900 милијарди долари

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот ја надмина пазарната капитализација од 900 милијарди долари за прв пат во својата историја.

Ова се случи откако цената на оваа дигитална криптовалута достигна ново рекорден максимум.

Откако минатиот четврток наутро достигна рекордна цена од 48.481 американски долари, биткоинот го затвори тргувањето со 47.932 долари, што претставува пораст од 6,9 проценти на дневна основа, пренесува „Reuters“.

На берзата „Bitstamp“, една од најстарите за тргување со биткоини, цената во еден момент достигна историско највисоко ниво од 49.000 долари, што резултираше со краткорочна пазарна капитализација од 912,69 милијарди долари.

Тоа значи, дека пазарната вредност на оваа виртуелна валута се зголеми за 354 милијарди долари во текот на 2021 година. Претходното највисоко ниво на пазарна капитализација на биткоинот беше забележано на 8 февруари во износ од 888 милијарди долари.

Биткоинот во моментов има 61 процент удел во вкупната пазарна капитализација на сите криптовалути, што денес исто така достигна историски рекорд од 1,46 милијарди долари.

Кумулативната пазарна капитализација на сите дигитални валути порасна за 88,5 проценти од почетокот на 2021 година, досега во споредба со почетното ниво од 776 милијарди долари на почетокот на годината.

Според податоците, ​​биткоинот сега е деветто најценето средство во светот според пазарната капитализација, а во изминатата недела ги надмина „Facebook” и „Tesla” во тој поглед.

Ако пазарната вредност на биткоинот се спореди со рангирањето на БДП на земјите, неговите 900 милијарди долари се меѓу вредноста на БДП на Мексико (1,04 трилиони долари) и Холандија (886 милијарди долари), а пред Швајцарија чијшто БДП е 707 милијарди долари.

Криптовалути

Милијардерите ПРОТИВ биткоинот – по Бил Гејтс и Чарли Мунгер ја нападна напознатата криптовалута: “Не знам што е полудо, биткоин или Тесла”

Објавено

на

Легендарниот инвеститор Чарли Мунгер, долгогодишен деловен партнер и соработник на Ворен Бафет, деновиве гласно размислуваше за акциите на „Tesla” и за најпознатата криптовалута биткоинот. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

PayPal купува компанија за складирање и чување на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” ја купува израелската компанија „Curv” за околу 500 милиони долари, пренесуваат американските медиуми. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Пристигнува биткоин од милион долари – “Тие мислат дека е предоцна за купување, но не ги разбираат последните бројки”

Објавено

на

Ако купувањата на „Tesla” и „MicroStrategy” би можеле да го катапултираат биткоинот, што би се случило доколку поголемите играчи започнат да влегуваат на пазарот? (more…)

Продолжи со читање



Популарно