Форекс
Пад на цената на нафтата


Цената на нафтата во текот на вчерашниот ден забележа пад по медиумските наводи дека ОПЕК плус мора да го реши проблемот со вишокот дневна понуда од преку два милиона барели и по веста дека во САД неочекувано е зголемен бројот на барања за државна помош поради невработеноста, што навестува бавно заздравување на економијата.
Цената на северноморската нафта Брент се намали за 1,24 долари или за 2,7% и барел нафта се тргуваше за 44,13 долари, додека цената на американската ВТИ нафта забележа пад од 1,31 долари или за 3,0% и се тргуваше за 41,62 долари за барел.
Аналитичарите наведуваат дека зголемувањето на вредноста на американскиот долар, што ја прави нафтата поскапа за купувачите кои поседуваат други валути, исто така изврши притисок врз цената на „црното злато”.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
Форекс
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато


Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)
Форекс
Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје