Форекс
Пад на цената на нафтата по појавата на нов сој на коронавирус


Цените на нафтата денеска се намалија на под 78 долари за барел на меѓународните берзи, поради стравот на трговците дека новиот сој на коронавирусот може да го забави закрепнувањето на економијата и побарувачката на нафта, што би можело а резултира со значителен вишок во понудата.
На лондонскиот берза барел нафта попладнево беше повисока за 4,28 долари во однос на претходното затворање и се продаваше за 77,94 долари.
На американскиот берза вредноста на нафтата забележа пад од 4,31 долари и се тргуваше за 74,08 долари.
Цените на нафтата и акциите паднаа на крајот на неделата бидејќи инвеститорите стравуваат дека новиот сој коронавирусот може да го запре закрепнувањето на економијата и побарувачката.
Европските земји веќе ги ограничија пристигнувањата на патници од Јужна Африка каде што е откриен новиот сој.
Повтореното разгорување на пандемијата го привлече вниманието на пазарот кон проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници дека понудата на нафта ќе ја надмине побарувачката на крајот на оваа година и почетокот на следната година.
ОПЕК плус одлучи само скромно да го зголеми снабдувањето во декември, за 400.000 барели дневно, отфрлајќи ги повиците од САД и другите купувачи да понудат повеќе барели за да го запрат растот на цената на нафтата.
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
Форекс
Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато


Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)
Форекс
Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?


На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје