Странски банки
Пад на вредноста на акциите на Вол Стрит втор ден по ред


Цените на акциите на Вол Стрит синоќа паднаа втор ден по ред, последица на продолжувањето на војната во Украина и засилените инфлаторни притисоци врз САД, околности што можат да ја принудат Централната банка на САД на агресивно покачување на каматните стапки.
„Dow Jones” падна за 550 поени или 1,56% на 34.678 поени, додека „S&P 500″ се спушти за 1,57 отсто на 4.530 поени, а индексот „Nasdaq” падна за 1,54 проценти на 14.220 поени.
На почетокот на седмицава тие индекси нагло пораснаа, благодарение на оптимизмот на инвеститорите по веста дека во мировните преговори Русија вети драстично намалување на воените операции околу Киев, а Украина предложи неутрален статус.
Но, војната во Украина продолжува, а вчера инвеститорите допилнително беа вознемирени од заканата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе ја прекине испораката на гас за европските земји доколку не го платат во рубљи.
Белата куќа, од друга страна, воведе нови санкции кон Русија и најави досега најголема продажба на нафта од стратешките резерви за да спречи натамошен раст на цената на „црното злато”.
Силниот раст на цените на нафтата и другите сировини од почетокот на војната во Украина само ги зајакнува инфлаторните притисоци.
Вчерашните податоци потврдија дека инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години.
Според индексот на потрошувачки цени, инфлацијата, без цените на храната и енергијата, во февруари достигна 5,4 проценти на годишно ниво, а кај цените на енергијата и храната 6,4 проценти.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје