Connect with us

Форекс

Пад на берзите поради тензиите помеѓу САД и Кина

Објавено

на

Берзите во Европа и Азија бележат пад, а ситуацијата е слична и на отворањето на Wall Street, бидејќи инвеститорите се исплашени поради растечките тензии во односите меѓу САД и Кина, предизвикани од пандемијата од коронавирусот и ситуацијата во Хонг Конг.

Пад е регистриран на берзите во Париз, Франкфурт и Токио, а тој тренд е забележан во САД во пресрет на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави изјава за Кина, објави „AP“.

Инвеститорите стравуваат дека двете најголеми економии во светот би можеле повторно да започнат војна со взаемно воведување царини, што дополнително би ја погодила светската економија, која поради пандемијата веќе влезе во невидена рецесија.

Германскиот DAX падна за 0,9 проценти, францускиот CAC 0,6%, а британскиот FTSE за еден процент. Индексот Hang Seng денес забележа пад од 0,7 проценти, јапонскиот индекс Nikei 225 од 0,2 проценти, а пад на берзата во Австралија за 1,6 проценти.

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Берзата го продолжува бесплатното користење на eTrader за инвеститорите

Објавено

на

Одборот на директори донесе oдлука продуктот на Македонска берза за т.н. електронско тргување преку Интернет (eTrader), што им е достапен на инвеститорите преку нивните брокери и којшто овозможува далечинско тргување на Берзата, да продолжи да се користи БЕСПЛАТНО и по завршувањето на вонредната состојба, односно до 30.09.2020 година.
(more…)

Продолжи со читање

Форекс

Инвеститорите воздржани, еврото со вредност од 61.6953 денари

Објавено

на

Новиот бран на вирусот Ковид-19 повремено ги дестабилизираше акциите на котираните друштва на Македонска берза, бидејќи кога се чинеше дека пандемијата полека стивнува и и се гледа крајот, коронавирусот повторно зема замав, од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на новозаболени, а со тоа дополнително се зголемуваше и неизвесноста. (more…)

Продолжи со читање

Популарно