Connect with us

Форекс

Пад на акциите на Македонска берза, еврото со вредност од 61.5000 денари

Објавено

на

Пазарот на капитал во Северна Македонија доживува големи флуктуации, па така акциите кои котираат на Македонска берза еден ден ја зголемуваат својата вредност, а веќе наредниот истата се намалува за одреден процент. По неколкудневниот раст, акциите бележат пад на вредноста, а тоа најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

На последниот ден за тргување на македонската берза немаше ниту една акција која забележа раст на својата вредност.

Најпогодени од оваа ситуација беа банкарските акции на НЛБ Банка АД Скопје кои забележаа пад од 1,11%, пред акциите на Охридска банка АД Скопје кои ја намалија вредноста за 0,88%.

Падот на Македонската берза негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа пад од 0,54%, како и врз акциите на Стопанска банка АД Скопје кои забележаа пад од 0,46%.

Минимален пад на вредноста на акциите забележаа и Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и Гранит АД Скопје.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.5000 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.8497 денари, британската фунта изнесува 73.3628 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.0189 денари.

Форекс

Акциите на Комерцијална банка и Гранит се убедливо најтргуваните акции на Македонска берза

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.03.-31.03.2020 година вкупниот промет изнесува 2.785.792.356 денари и е енормно зголемен за 250,23% во однос на претходниот месец февруари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза

Објавено

на

НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза овозможува бесплатно користење на продуктот eTrader за инвеститорите во хартии од вредност

Објавено

на

Македонска берза ја информира јавноста, а особено сите инвеститори во хартии од вредност дека продуктот за т.н. електронско тргување (eTrader), што е достапен на инвеститорите преку членките на Берзата (банките и брокерските куќи) и којшто овозможува далечински пристап за тргување со хартии од вредност на Берзата, ќе можe да се користи БЕСПЛАТНО. (more…)

Продолжи со читање

Популарно