Форекс
Пад на акциите на Волстрит, инфлацијата највисока во изминатите 40 години


На Волстрит синоќа цените на акциите паднаа бидејќи инфлацијата во САД достигна нови највисоки нивоа во изминатите 40 години, па инвеститорите стравуваат дека американската централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното.
„Dow Jones” падна за 112 поени, или 0,34%, на 33.174 поени, додека „S&P 500″ се лизна за 0,43% на 4.259 поени, а индексот „Nasdaq” падна за 0,95 проценти, на 13.129 поени.
По силниот раст од претходниот ден, вчера индексите повторно беа во негативна траекторија бидејќи инвеститорите се загрижени за високата инфлација, откако беше објавено дека во февруари стапката на раст на потрошувачките цени достигна 7,9 проценти на годишно ниво, ново највисоко ниво во последните 40 години.
Ова, сепак, е во согласност со очекувањата на аналитичарите, но инвеститорите стравуваат дека остриот пораст на цените на нафтата и суровините од почетокот на војната во Украина пред две недели дополнително ќе ја поддржи зголемената инфлација. А тоа би ја принудило американската централна банка да ја заостри монетарната политика поагресивно од очекуваното.
Повеќето аналитичари очекуваат лидерите на ФЕД да ги зголемат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени на седницата следната недела. Но, зголемената инфлација може да го принуди ФЕД да ги зголеми каматните стапки поагресивно во наредниот период.
Освен високата инфлација, нестабилноста на пазарот е последица и на нервозата на инвеститорите поради војната во Украина.
Вчерашните преговори меѓу шефовите на руската и украинската дипломатија не донесоа никакви резултати, па продолжуваат нападите на руската армија врз украинските градови.
Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонски „FTSE” индекс се намали за 1,27 проценти, на 7.099 поени, додека франкфуртски „DAX” потона за 2,93 проценти, на 13.442 поени, а париски „CAC” на 2,83 проценти, на 6.207 поени.
Форекс
Пад на акциите на европските берзи во пресрет на седницата на ЕЦБ


Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во мај?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.05.-31.05.2021 година вкупниот промет изнесува 577.516.979 денари и е намален за високи 40,11% во однос на претходниот месец април. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје