Connect with us

Останато

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обештетување

Објавено

на

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги превземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во Еуростандард Банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

„За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна. Пратеничките групи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Левица дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро можно време со коешто ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка. Во наредните денови ние како Здружение очекуваме да се дефинира текстот на законот за што Здружението бара од Владата и парламентарните групи во Собранието итно носење на законското решение со цел да се заштитат граѓаните и фирмите од понатамошни трагедии и последици кои ќе настанат не по нивна вина”, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно