Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Нина Неданоска, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Нина Неданоска: Шпаркасе Банка во изминатата 2021 година го спроведе историскиот процес на присоединување со поранешна Охридска банка, процес кој беше најавен уште од 2019 година и кој иако донесе многу предизвици за нас како менаџмент и за вработените во банката, сепак не направи горди со неговата успешна реализација предизвика значајно влијание врз целиот банкарски сектор во Република Северна Македонија. Преку овој значаен процес на присоединување на две стабилни, системски значајни банки, овозможивме окрупнување на банкарскиот сектор и покажавме дека со голема посветеност и истрајност во спроведувањето на заедничките цели и планови, големите планови стануваат реалност. Од 19 јули веќе имавме една интегрирана Шпаркасе Банка, која ја прошири својата клиентска база и го зголеми пазарниот удел на 13,4% во сегментот население и 15,1% во сегментот корпоративни клиенти, со удел на девизниот пазар од 25% и банка преку која се извршуваат над 50% од тргувањата со хартии од вредност на меѓународни пазари. Во сферата на соработката со меѓународните мултинационални компании присутни во Македонија, а особено оние во зоните, учеството на банката достигна 70 проценти. Шпаркасе Банка сега веќе опслужува над 122.000 клиенти во земјата, преку 36 експозитури и широка мрежа на банкомати на приближно 100 локации ширум државата.

Со вкупна актива од 1,15 милијарди евра Шпаркасе Банка се позиционираше во рангот на големите банки на пазарот, нудејќи им на своите клиенти атрактивни производи и услуги, како и експертиза што доаѓа од Ерсте и Шпаркасе Групацијата. Токму таа поддршка од матичните банки беше покажана и со реализацијата на поголеми проекти за заедничко финансирање на првиот приватен проект за ветерници во Северна Македонија, „Богословец“, кој ќе има вкупен капацитет од 36 MW и инвестициска вредност од 51 милиони евра, како и инвестицијата на „Дура“ во зоните и проектот за гасификација на Македонија. Овие проекти уште повеќе ја издвоија Шпаркасе Банка на пазарот како уникатен провајдер на финансиски услуги и воедно финансиски експерт достапен на своите клиенти, што не прави доверлив партнер за соработка на долг рок.

Следејќи ги современите трендови на банкарскиот модел на работење во Ерсте и Шпаркасе Групацијата, Шпаркасе Банка веќе од почетокот на годината го воведе новиот модел на експозитура, кој е направен според највисоките стандарди за безбедност и заштита при работа, со висококвалитетни материјали, кои освен со својот модерен дизајн, овозможуваат и заштеда на топлинска и на електрична енергија. На денот на интеграцијата свечено ја отворивме и првата прототип експозитура во центарот на Скопје со 24/7 безбедна зона во која клиентите ќе можат да ги извршат потребните банкарски услуги за плаќање редовни обврски кон Банката, плаќање режиски трошоци, вршење уплата на готовина и менувачница на странски валути.

Сепак, во изминатата година се прилагодувавме на предизвиците кои ги донесе Ковид-19 и ги адаптиравме нашите бизнис модели според потребите на клиентите и бевме нивна поддршка во услови на глобална економска криза. Грижата за вработените беше еден од нашите главни приоритети, кои и во рестриктивни услови за заштита од корона вирусот активно учествуваа во процесот на интеграција, но истовремено и се грижеа за навремено и квалитетно опслужување на клиентите и со посветен ангажман придонесуваа за исполнување на поставените цели.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?

Нина Неданоска: За следната година, но и идниот период неколку трендови се клучни. Можеби не толку нов, но секако тренд кој ќе се засили и ќе добие на значење, а тоа се одржливите финансиски продукти, односно инвестиции кои ги земаат предвид аспектите за животна средина, општествен аспекти и управувачки активности.

Понатаму, отворено банкарство е секако тренд кој следи во смисла на отворена соработка помеѓу банките, финтек провајдрите и регулаторот за што е потребна и добра и безбедна регулаторна инфраструктура. Сето ова ќе овозможи поголема транспарентност на потрошувачите, но и побројни можности на пазарните играчи.

Дигитализацијата како процес е веќе е започнат тренд кој се очекува да продолжи со засилено темпо и во следната година преку процесното управување до разни лесно достапни канали за крајните потрошувачи. И секако висока персонализација на банкарството како индустрија во целина што ќе овозможи висока човечка интеракција во дигитална околина.

Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?

Нина Неданоска: Со оглед на последните движења на светските финансиски пазари, се повисоки се очекувањата дека генерално трендот на каматните стапки ќе го започне ФЕД, а потоа се очекува и ЕЦБ да ги прилагодува мерките во таа насока. Засега во Македонија нема индиции за преземање на таков чекор и од страна на Народната Банка, иако постои подготвеност за брзо преземање на вакви монетарни мерки. Во секој случај, очекувањата за кредитните производи се дека би останале на моменталното ниво кое е навистина ниско, но понатамошен надолен тренд не е реално да се очекува дека ќе се случи.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од Шпаркасе Банка АД Скопје во 2022 година?

Нина Неданоска: Во годините што следат, Шпаркасе Банка ќе продолжи со зајакнувањето на дигитализацијата и модернизацијата на технологиите во сервисите, со што ќе ја зголеми својата конкурентност преку имплементација на неколку планирани дигитални проекти кои ќе придонесат за подобрување на корисничкото искуство кај клиентите.

Дигитализацијата на процесите и услугите се во нашиот секојдневен фокус и тие ќе бидат постојана тема за унапредување и развој. Шпаркасе Банка после интеграцијата посветува големо внимание на унапредување на својата понуда на традиционални и дигитални банкарски услуги, но не само од аспект на исполнување на очекувањата на клиентите, туку и преку креирање на дополнителна додадена вредност која ќе ја чувствуваат како бенефит. Задоволството на клиентите ние во прв план. Оттаму доаѓа и нашата инспирација да ги понудиме најдобрите решенија и услуги кои им се потребни. Но, секако сме и одговорни и се грижиме за економската стабилност и сигурност и на клиентите и на економијата во целина.

Интервјуа

Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Објавено

на

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

Објавено

на

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

Објавено

на

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно