Интервјуа
Очекувања на менаџментот на ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Билал Суџубаши, Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.
Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?
Билал Суџубаши: Минатата година, иако продолжија заканите врзани за здравствената криза предивикана од вирусот Ковид-19, сепак значеше почеток на економското заздравување по сето она што и во земјава и во светот се случуваше во 2020 година. Тоа заздравување сепак не одеше лесно, пред сè поради глобалните случувања поврзани како со здравствената криза, така и со нарушувањата во глобалните синџири на снабдување и производство, како и со актуелната енергетска криза.
Она што нас од банкарскиот сектор не радува е што и во 2021 година уште еднаш се потврди дека во Република Северна Македонија постои силна доверба во банкарскиот сектор. За време на корона-кризата банките беа значајна поддршка на реалниот сектор, што се должи на силната капитална и ликвидносна позиција на банкарскиот систем пред почетокот на пандемијата, но секако и на и брзата и силна реакција од страна на Народната банка, којашто од почетокот на пандемијата презеде низа мерки за олеснување на финансиските услови во домашната економија и зголемување на ликвидноста и флексибилноста на банките.
И минатата година домашниот банкарски систем продолжи со профитабилно работење, што е особено значајно за одржување на капиталната позиција на банките, односно за нивната стабилност и отпорност и понатамошна поддршка на економијата.
Ние во Халкбанк секако можеме да бидеме задоволни што и во вакви услови работевме со добри резултати – го зголемивме капиталот на банката, а имаме пораст и кај кредитирањето и раст на депозитите. И годинава, во услови на пандемични влијанија, нашите средства пораснаа за 9% во однос на минатата година, што значи дека достигнавме актива од 1.182 милиони евра.
Кредитирањето се зголеми за 12% од кои кредитирањето на правните лица за 10%, а на физичките лица за 13%. Депозитите на клиентите исто така пораснаа за 10%, што говори за довербата што граѓаните ја имаат во нашата банка. Годината ја завршивме со нето добивка од 10,6 милиони евра и тоа е пораст од 18% во однос на 2020 година а за нас е повеќе од задоволително со оглед на новонастанатите услови предизвикани од Ковид пандемијата.
Во годината во која инако го одбележувавме јубилејот – 10 години присуство на македонскиот финансиски пазар, Халкбанк АД Скопје продолжи со понуда на атрактивни кредитни и депозитни производи за граѓаните. Но и со низа активности за промоција на безготовинскиот начин на плаќање и користење модерни технологии.
За нас важно беше и тоа што во 2021 година станавме банка преку која се одвива платниот промет на државното претпријатие Македонска пошта, кој има исклучително важно место во вкупниот платен промет во земјава, бидејќи преку Пошта се одвива над 25% од вкупниот платен промет во Северна Македонија. На располагање на граѓаните за реализирање на сите плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги им се 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД со 470 шалтерски места.
Ние во Халкбанк имаме политика да водиме постојана грижа за нашите клиенти, да им нудиме одлични услуги, најразлични производи и постојано да ја зголемуваме нивната доверба, па дури и во кризни услови. Токму ова овозможи за една деценија да успееме да станаме најбрзорастечка банка во земјава и да влеземе во групата на петте најголеми банки. Со оваа политика ќе продолжиме и во иднина.
Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?
Билал Суџубаши: Дигиталната трансформација, како неопходност на секој пазар, особено поттикната од променетите услови на живеење коишто ги создаде пандемијата на ковид-19, како глобално, така и во нашата земја, придонесе за постојан раст на употребата на дигиталните решенија за плаќање, како најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки паметно извршување. И овој тренд секако ќе продолжи и во наредниот период.
Годинава што е пред нас ќе донесе предизвици пред финансискиот сектор поради фактот што ќе биде донесен новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Овој закон ќе озовможи влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од финтек-секторот, односно создавање поширок сет платежни услуги за потрошувачите и компаниите.
Во рамки на овој Закон, на пример се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, којашто ќе може да ја отвори секој граѓанин. Притоа, отворањето на сметката како и неколку основни платежни услуги, за ранливите категории ќе бидат бесплатни. Во Законот ќе има и други новини, што ќе значи дека и банкарскиот сектор ќе треба да го приспособи своето работење на новите услови и да понуди нови производи во услови на зголемена конкуренција.
Дополнително, климатските промени веќе имаат видливи ефекти врз глобалната економија, а со тоа и врз финансискиот сектор. Централната банка најави дека годинава и во нашиот банкарски сектор поголемо внимание ќе се посвети на зеленото финансирање, нешто што е силен тренд на глобално ниво, за што ќе бидат осмислени монетарни мерки коишто се очекува да го поттикнат зеленото финансирање.
Ова не радува бидејќи кај нас во Халкбанк со години наназад посебен акцент се става на зелените практики, преку поддршка на компании со еколошки проекти како обновлива енергија, енергетска ефикасност, намалување отпад и други кои придонесуваат за заштита на природата. Но, и преку поддршка на ЕКО проекти за заедницата и директно со наши активности кои се одвиваат преку платформата HalkEco.
Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?
Билал Суџубаши: Висината на каматните стапки, освен од висината на расположливите средства, во основа најмногу зависи од основната каматна стапка која ја пропишува Народната банка, која, пак, зависи од монетарните движења. Како што знаете, поради кризата, за да овоможи банките да можат да излезат во пресрет на граѓаните и на стопанството, Централната банка неколкупти ја намали основната каматна стапка. Ако во јануари 2020 година таа изнесуваше 2%, минатата година ја завршивме со основна каматана стапка од 1,25 отсто. Благодарение на мерките на Централната банка, но и благодарение на стабилноста на нашиот банкарски систем која се градеше изминативе децении, и високата капитализација беше возможно банките да одговорат на кризата во прв момент со одложено плаќање на обврските, но и со зголемено и поволно кредитирање.
Според последните податоци од НБРСМ, во ноември 2021 година, каматната стапка на вкупните кредити изнесуваше 4,42% и забележа месечно и годишно намалување. Притоа и просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во ноември забележа месечен и годишен пад и изнесуваше 3,76%.
Дополнителнo, каматната маргина, односно разликата меѓу каматите на кредитите и на депозитите, е во постојан пад. Се сеќавате дека пред една деценија беа високи каматите на депозитите, дури и над 10%, но истовремено беа високи и на кредитите. Тогаш и маргината беше над 5%, нешто што беше нормално во услови кога банките на македонскиот пазар гледаа да закрепнат по сето она што се случуваше по распадот на СФРЈ. Со текот на времето се намалуваа и каматите, а и маргината. На пример, во 2015 година просечната каматна стапка кај кредитите беше 6,80%, кај депозитите 2,15%, со што маргината изнесуваше 4,65% на ниво на секторот. Ланската година ја завршивме со просечна каматна стапка од 4,63% за кредитите и 0,95% кај депозитите, со што и маргината се намали на 3,68. И годинава продолжи трендот на намалување на каматната маргина и на 30.09.2020 година, таа изнесуваше 3,2%.
Ваквиот тренд очекувам да се задржи, што ќе овозможи зголемено кредитирање, нешто што е непходно и на граѓаните и на стопанството во периодот на економско закрепнување што следи.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Халкбанк АД Скопје во 2022 година?
Билал Суџубаши: Можам да кажам дека во годинава влегуваме со поамбициозна агенда. Халкбанк и понатаму ќе има висок приоритет за стабилен раст и одржлив профит. Притоа, ќе се стремиме да бидеме прв избор на секој тековен и потенцијален клиент. За таа цел ќе понудиме нови кредитни и депозитни производи, приспособени на различните барања и потреби на клиентите, како и нови услуги. Во наредниот период на економско закрепнување сигурно е дека стопанството ќе има сериозна потреба од поддршка од банкарскиот сектор и затоа ние ќе креираме понуди кои ќе бидат прифатливи и ќе значат поддршка за реалниот сектор. Во нашиот фокус и натаму ќе бидат малите и средни бизниси кои и досега имаа силна поддршка од Халкбанк.
Исто така, следејќи ги трендовите на дигитализација, континуирано ќе продолжиме со вложување со цел да ги дигитализираме и подобриме сите свои деловни процеси.
Секако, нашата банка ќе продолжи и годинава со своите активности во светло на заедничките принципи и ќе бидеме катализатор на промени кој ќе настојува да ја искористи својата моќ за заедно да го направиме светот подобро, поодржливо и позелено место. Ова вклучува и нови проекти и поддршка на општествени активности кои придонесуваат за остварување на овие цели, а кои и годинава ќе ги реализираме преку нашите две платформи за оптествена одговорност – HalkEco и Халки.
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година