Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на УНИБАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Милка Тодорова, Претседател на Управниот одбор и Извршен директор на УНИБанка АД Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Милка Тодорова: 2021 година е втора тешка година за сите нас и за економиjата. Покраj продолжувањето на здравствената криза се наметна и енергетска криза, коjа придонесе за зголемување на инфлацијата. Но, стопанските субјекти веќе го организираа своето работење во кризна состоjба, беа мобилизирани и дури дел од нив успеаја да ги подобрат перформансите во текот на 2021 година. Банкарскиот сектор исто така се прилагоди на современите текови на финаниски активности, соодветно на модерните потреби на клиентите.

УНИБанка во 2021 година презема многу активности за да овозможи подобра и поквалитетна услуга, наjмногу преку електронските канали за комуникациjа и на тоj начин да помогне на своите клиенти да го намалат здравствениот ризик и да заштедат време и пари.

Креиравме понуда за единствен пакет со најчестите банкарски услуги, кој на клиентите им овозможува значителна корисничка удобност и заштеда на трошоци по основ на провизии.

На крајот на 2021 година Банката започна нова финансиска активност – трговија со инвестициско злато, во форма на златни плочки со финост 999.9 илјадити делови и златни монети со финост еднаква или поголема од 900 илјадити делови. Преку овој производ УНИБанка е единствена на банкарскиот пазар во државата со уникатна понуда за штедење и зголемување на вредноста на клиентското портфолио. 2021 година jа завршуваме со многу добри резултати – зголемена оперативна добивка и 7,5% пораст на капиталот.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?

Милка Тодорова: Во 2022 година очекуваме зголемување на динамиката и заздравување на домашната економиjа и се надеваме пандемиjата да остане зад нас.

Во банкарскиот систем продолжува трендот на остварување на финансиските активности преку електронски пат, на што укажува и фактот дека во моментот 44% од трансакциите во УНИБанка се одвиваат електронски, со нагорен тренд и очекување истите да се зголемат до 65% во текот на оваа година.

Дополнително, ќе се развиваат и алатки кои ќе овозможуваат задоволување на потребите на клиентите без нивно физичко присуство, вклучително отворање на сметки, барање и исплата на кредити, креирање на депозит или само консултација. Исто така, ќе се наметне потреба, основните банкарски производи да се надградуваат со дополнителна вредност, како што се осигурување, попусти при трансакции кај трговци и многу поволности за лоjалните клиенти.

Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?

Милка Тодорова: Моментално каматните стапки се на историски наjниско ниво за последните 10 години. Веројатноста циклусот на намалување на висината на каматните стапки на глобално ниво да продолжи понатаму е голема, иако прогнозите за постепен раст на инфалицијата како основен индикатор за идните движења на висината на каматната стапка даваат основ за позитивни очекувања.

При остварување на прогнозите за солиден економски раст оваа година и зголемување на кредитната побарувачка од компаниите и од физичките лица, во нашата земја очекувам задржување или благо намалување на каматните стапки по кредитните производи на крајот на 2022 година.

Важно е да се потенцира дека, банката и клиентот се партнери и освен висината на каматните стапки многу е важно да се одржува и унапредува меѓусебниот однос преку модерни и иновативни банкарски производи и услуги, постојана достапност на банката и отворена комуникација со клиентите, со цел на клиентот да му се овозможат брзи и флексибилни решенија и долгорочна поддршка.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од УНИБанка АД Скопје во 2022 година?

Милка Тодорова: Во 2022 УНИБанка ќе продолжи да jа поддржува домашната економија и потрошувачите. Очекувам скоро двојно повисок раст од 2021 година и каj кредитното и каj депозитното портфолио, коешто одговара на прогнозата на ММФ и Народната банка на РСМ за засилена економска активност во 2022 година.

Во 2022 година очекувам да имаме можност и за далечинска идентификациjа на нови клиенти, со што ќе се овозможи пристап до банкарските услуги на македонските граѓани кои моментално се надвор од државата или се динамични и ангажирани лица, кои не можат физички да дојдат во експозитура.

Ќе продолжиме да ги надградуваме нашите производи и услуги на задоволство на корисниците.

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на НЛБ БАНКА СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно