Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Стопанска банка а.д. Битола за случувањата во банкарскиот сектор во 2019 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Д-р Наташа Несторовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола и М-р Гордана Балтовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола.

Банкарство: Кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2019 година? 

Д-р Наташа Несторовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола: Брзиот развој на смарт технологиите и се поголемиот број на иновации во сферата на телекомуникациските уреди и мобилни телефони директно влијае и на голем број промени во финансискиот сектор во Република Македонија а особено во банкарскиот.

Полека но сигурно електронските и мобилни сервиси ги заменуваат традиционалните банкарски производи и услуги. Настапува ера на дигитализација, при што банкарската индустрија почна да се прилагодува на модерните технологии и да ги моделира своите услуги и производи согласно ново-креираните потреби на пазарот.Банките прават целосен редизајн на традиционалниот модел за опслужување на клиентите со воведување на дигитални платформи и сервиси со кои ќе го олеснат, модернизираат банкарството и воедно ќе бидат подостапни до клиентите и до нивните потреби и барања. Во Македонија, банките започнаа да ги следат модерните платформи за електронско работење и да ги прилагодуваат своите услуги и производи на потребите на граѓаните, иако сеуште не може да се каже дека традиционалното банкарство е оставено во минатото.

Модерните технологии што ги применуваат банките овозможуваат се поголем дел од своите услуги граѓаните и фирмите да ги добиваат од компјутер или мобилен телефон наместо на шалтер.

Дигитализацијата на банките е глобален феномен чија моќ може да се искористи за задоволување на потребите на современиот начин на живеење на населението, но и на остварување на целта на банките да имаат експозитури и филијали за извршување на корисни и едукативни операции, а не само вршење на трансакции. Функциите на банките постојано се менуваат, почнувајќи од финансиски институции кои вршеле само активности поврзани со кредитирање и управување со депозити, до современи институции со низа услуги кои веќе постепено излегуваат од рамките на банкарското работење. Банкарството и банкарските производи услуги се менуваат постојано со цел задоволување и прилагодување на потребите на клиентите.

Банкарство: Во последно време се повеќе слушаме за дигитализација во банкарството. Постои ли стратегија за дигитализација во Вашата институција и доколку да кои сегменти се опфатени со истата? Дали имате формиранo посебно одделение или работна група која ќе биде одговорна за спроведување на дигитализација во секојдневното работење?

Д-р Наташа Несторовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола: Глобалните трендови полека но сигурно стануваат прифатени во нашата Банка и за истите се појавува голем интерес, пред се на нашите помлади клиенти кои се чувствуваат покомотно при користење на новите технологии.

За таа цел Банката воведе два нови и сигурносно пософистицирани производи како E-банк- за пристап до сопствените трансакциски сметки преку интернет и BANK2GO апликација за мобилните телефони.

E- банка –  алатка која е на располагање на клиентот и овозможува увид на состојби на сметки и плакање на брз и современ начин преку интернет страницата на Банката. Ова е овозможено можеби со најсигурниот елемент кој во мооментов е присутен во дигиталниот свет – ОТП (one time password) лозинка. Со ова е загарантирано присуството на крајниот корисник и мозноста на злоупотреба е мала. ОТП лозинката се испрака на мобилниот телефон како дополнителна верификација на крајниот корисник.

Bank2GO е нова, иновативна и лесна за користење апликација за мобилен уред кој овозможува преглед на сите продукти на клиентите и спроведување на трансакциите на сосема безбеден начин. BANK2GO апликацијата на Банката   овозможува мобилниот уред да биде подвижна виртуелна експозитура за клиентите преку која на едноставен и брз начин ќе имаат информација за сите нивни сметки, кредитни картички, кредити, депозити, а исто така ќе може да прават плаќања во секој момент и од каде било.

Следејќи ги трендовите на дигитализација, банката во својата организациска структура има формирано посебни организациски делови  во чиј делокруг на работа се електронските сервиси и самоуслужните продукти, како и поддршка на новите технологии, картичните производи и каналите на дистрибуција.

Понатамошната дигитализација на одредени банкарски активности претставува и една од клучните стратешки цели за идниот период што ќе придонесе за намалување на трошоците во работењето и пресретнување на потребите на клиентите. Во тој контекст планирана е имплементација на сервиси за работа со големи бази на податоци (Big Data),  автоматизирање на дел од постоечките услуги преку воведување на нови функционалности на банкоматите: Cash – IN/Deposit ATM/Recycle АТМ/ExChange,  DCC (Dynamic Currency Conversion) услуга за конверзија на валути на банкомати, Е-Commerce, On line апликација- за аплицирање преку дигиталите сервиси за било кои призводи во банката. Планирана е и поврзување со субјектите во економијата преку дигиталните платформи што ќе се овозможи обострана комуникација помеѓу клиентите односно функционирање на т.н. Two sided markets каде вредноста и придобивките на самата Банка нема да се мерат само преку профитот туку преку умрежувањето и бенефитот на самите клеинти. Со тоа самата иновативност ќе биде додадена вредност, а не инвестиција. За таа цел интензивно ќе се работи на нашите постоечки платоформи за електорнско и мобилно банкарство но и можноста за поврзивање со други типови на дигитални платформи кои се повеќе се присутни на меѓународните банкарски пазари и очекуваме набрзо нивно присуство и во Македонија.

Банкарство: НБРМ во неколку наврати ја намали референтната каматна стапка на благајнички записи, која во моментов изнесува 2,50%. Кои се вашите очекувања од аспект на движењето на каматните стапки кај кредитите и депозитите во периодот што следи?

М-р Гордана Балтовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола: Со намалувањето на каматите на благајничките записи НБРМ испраќа сигнал до банките дека треба да се пласираат повеќе парични средства во стопанството и граѓаните. Ова генерално претставува сигнал на намалување на каматните стапки на кредитити и на депозитите, но сепак банките одлучуваат самостојно дали и колкави намалувања на каматни стапки ќе направат. Комерцијалните банки во Македонија имаат доволно голема ликвидност за да можат независно да пристапат кон калкулации за намалување на каматните стапки и на кредитит и на депозитите, што не е случај кај комерцијалните банки во развиените земји каде зависноста на комерцијалните банките е во поголема мера од одлуките на централните банки.

Намалувањето на каматните стапки во текот на цела 2018 година е резултат на поволните движења на девизниот пазар каде што НБРМ во континуитет откупува девизи. Со ваквите интервенции на НБРМ на девизниот пазар се врши и влијание врз зголемувањето на девизните резерви, а откупот на девизи кој е направен во текот на цела 2018 година е на највисоко ниво во изминаттие десет години.

Во текот на 2018 година  се извршија  неколку  намалувања на  каматна стапка на благајничките записи, во март од 3,25% на 3%, во август на 2,75% резултираа со намалување на каматните стапки како кај депозитните, а особено кај кредитните производи. На тој начин е создаден постабилен амбиент за влијание врз цената на финансирање на правните и физичките лица, за да заклучно со октомври е остварено намалување на каматната стапка на вкупните кредити за околу 0,4 процентни поени споредено со претходната година, а корекциите и усогласувањето на каматните стапки продолжи и понатаму заклучно со јануари 2019 година.

Во овие корекции на каматни стапки во овој периот, треба да се има во предвид дека цената на кредитните и депозитните производи не ги содржи само промените на поставеноста на монетарната политика, туку и оценката на ризичноста на клиентите од страна на банките, интерните политики на банките, видовите на извори на финансирање, конкуренцијата и други елементи кои влијаат банките да имаат варијации на каматни стапки условени со поставените бизнис цели во своите деловни политики.

Очекувањата се и дека ова намалување во декември, кое е на историски најниско ниво од 2,50% ќе резултира со натамошно намалување на каматните стапки на банкарските производи. Досегашното искуство покажува дека деловните банки ги следат сигналите на НБРМ, но секако дека  следат и другите фактори на влијание на цените на своите финансики производи.

Покрај намалувањето на каматна стапка на благајничките записи, на промените на каматните политики на банките ќе влијае и висината на Националната ререфентна каматна стапка (НРКС), која заклучно со 31.12.2018 година изнесува 1,97%. Истата претставува опција за избор за референтна стапка за побарувања и/или обврски во денари, а се пресметува согласно меродологија со вклучени денарски депозити без валутна клаузула за домаќинства и нефинансиски институции резиденти на Македонија. Оваа референтна каматна стапка се објавува на веб страницата на НБРМ и на страницата на Македонската банкарска асоцијација и истата има поблаг распон споредено јануари 2018 од 2,15% на 1,97% со декември 2018 година. Дел од банките ќе се референцираат на оваа референтна каматна стапка кој ги соржи покрај елементите од интрументите на НБРМ и реализираните нивоа на каматни стапки за претходниот период на ниво на банкарски сектор.

Зголемената кредитна активности следено на квартална основа покажува зголемен тренд на кредитирањето на секторот ,,домаќинства,,, како и тренд на раст на штедењето на домаќинствата  и кај корпоративните депозити, кои одговараат на поствените проекции од НБРМ (октомври – ноември).

Сето ова е доволен сигнал дека корекцијата на каматните стапки на кредитите и депозитите ќе се случува во надолна линија, особено во првиот квартал до 2019 година, но за истото банките ќе имаат покрај генерален пристап и свој бизнис модел на таргет на типови на производи на кредити и депозити и клиенти кои ќе придонесат кон реализација на поставените бизнис цели.

Неопходно е, покрај промените на каматните стапки, банките да воведуваат нови производи на активната и пасивната страна кои ќе бидат креирани според потребите на пазарот, а ќе содржат комбинација од финасиски производи и услуги обединети преку една понуда на производи кои во соработка со другите субјетки на пазарот на финансиски производи и услуги ќе станат подостапни и подостапни за клиентитие (осигурување, вложување во други финансиски инструменти итн..)

Банкарство: Што да очекуваме од Стопанска банка а.д. Битола во 2019 година? 

М-р Гордана Балтовска, член на Управен Одбор на Стопанска банка а.д. Битола: Од макроекономски аспект очекувањата за 2019 година се во насока на поголема стабилност и поповолен економски амбиент споредено со претходната година. Очекуваме умерен раст на бруто домашниот производ генериран од заживување на инвестиционата активност и приватната потрошувачка.

Базирајќи се на очекувањата за движењата во економијата, а следејќи го домашниот пазар и светските трендови, во идниот период планирано е да растеме како од аспект на кредити така и од аспект на депозити со цел задржување и потенцијално зајакнување на позицијата на пазарот.

Во услови на историски најниско ниво на основната каматна стапка и силна конкуренција на пазарот, ќе се залагаме за понуда на иновативни депозитни производи со поволни услови прилагодени на потребите на нашите клиенти физички и правни лица што ќе придонесе и за зајакнување на финансиската стабилност како една од примарните цели на Банката. Исто така ќе обезбедуваме кредитна поддршка за потребите на домаќинствата и за развој на приватниот сектор, кредитирајќи добри проекти со прифатливо ниво на ризик. Ќе ги засилиме и cross-sale активностите кои ќе придонесат за креирање на win-win ефект за Банката и клиентите кои ќе добиваат персонално прилагодени решенија согласно нивниот финансиски потенцијал. Како што и претходно напоменавме, понатамошната дигитализација на одредени банкарски активности претставува и една од клучните стратешки цели за идниот период што ќе придонесе за намалување на трошоците во работењето и пресретнување на потребите на клиентите.

Она што посебно би го издвоиле од планираните активности во 2019 година е емисијата на долгорочни должнички хартии од вредност како капитален инструмент пo пат на јавна понуда (корпоративна обврзница), со што стануваме прва Банка која издава ваков инструмент по пат на јавна понуда. Емисијата на корпоративна обврзница по пат на јавна понуда го збогатува домашниот пазар на хартии од вредност и креира дополнителна алтирантива во која секој инвеститор ќе може да ги вложи слободните парични средства.

 

Интервјуа

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка: ММФ ја зголеми проекцијата за Северна Македонија

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.

ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст.” – истакна министерот Тевдовски.

Целосното интервју погледнете го во продолжение:

Тевдовски посочи и дека сите показатели укажуваат на тоа дека економијата оди напред, односно дека македонската економија е закрепната и дека може да остварува добри стапки на раст.

Продолжи со читање

Интервјуа

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка: Денарот е стабилен, очекуваме раст од речиси 4%

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска за Гласот на Америка (VoA на македонски јазик) реализираше интервју во текот на вчерашниот ден, како дел од Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју со Цветан Петринин, Претседател на Управен Одбор на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

На почетокот на тековната 2019 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange