Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на СТОПАНСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Стопанска банка АД – Скопје: 2021 година помина повторно во знакот на пандемијата предизвикана од ковид – 19 и секако предизвиците кои ги носеше во секој аспект од животот на граѓаните, но во исто време и во работењето на компаниите. Дополнително на тоа се надоврзаа инфлациските притисоци, како и енергетската криза која продолжува да ја потресува Европа, но и светот.

Позитивниот тек во процесот на вакцинирање придонесе да се надминат одредени бариери и можност како целина да се ориентираме кон заживување на економските текови и делумно нормализирање и враќање на начинот на живот пред Ковид. Притисокот врз здравствениот систем се намали и граѓаните почнаа послободно да се движат и да ги реализираат своите животни планови. Стопанска банка АД – Скопје и во 2021 година интензивно работеше на одржување на непрекината услуга за клиентите без оглед на предизвиците од пандемијата, продолжи да ја развива палетата на производи и услуги, остана партнер од доверба за граѓаните и компаниите и успешно го прилагоди моделот на работа на новонастанатите услови, притоа нагласено инвестирајќи во грижата за здравјето на своите вработени и примена на сите препорачани мерки на заштита. Затоа, не радува што годината ја завршуваме со позитивен резултат, кој произлегува од посветеноста на вработените и на менаџментот.

Во текот на 2021 година, Банката продолжи да биде во поддршка на економските субјекти и забележа пораст во кредитирањето на корпоративниот сектор, кај малите и средните претпријатија и кај населението. Секако, трендовите на пазарот се рефлектираат и на нашето работење, па стапките на раст се разликуваат во секој сегмент, а свое влијание врз можностите за пораст секако имаше и процесот на нормализирање на отплатата по спроведените мерки за одложена отплата кои од 2020-та овозможија надминување на кризата предизвикана од пандемијата, а банките сериозно го поддржаа реалниот сектор во тој процес.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?

Стопанска банка АД – Скопје: Неизвесностите кои произлегуваат од околината, а посебно од пандемијата која продолжува и понатаму, наметнуваат претпазливост во однос на предвидувањата и проекциите за 2022 година.

Сепак, бидејќи постепено се движиме кон целосно справување со пандемијата и целокупниот начин на живеење (до одреден дел) треба да се нормализира со што се поттикнува закрепнувањето на економијата, овој тренд очекувано треба да продолжи и во текот на 2022 година. Во вакво бизнис окружување предизвикот кај компаниите ќе продолжи да наметнува перманентно преиспитување на бизнис-моделите, стратегиите и плановите за работа, со цел донесување на динамични и исклучително внимателни, но и одржливи одлуки. Стопанството и во 2022 година може да очекува продолжување на кредитната поддршка на економијата од страна на банките поткрепена со соодветен раст на депозитната база и со перформанси кои обезбедуваат стабилни текови во однос на сите функции кои ги извршуваат банките.

Во 2022 година се очекува и долгонајавуваниот нов закон за платен промет кој ќе значи придвижувања на пазарот и зголемена конкуренција во тој дел од банкарското работење за што секако се подготвуваме.

Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?

Стопанска банка АД – Скопје: Каматните стапки за кредитирање се многу ниски и трендот на поставување на цена на чинење секогаш зависи од глобалните економски состојби како и одлуките кои ги носат регулаторите во големите економии. Зголемувањето на цените и инфлацијата прават притисок на каматните стапки, но од друга страна, економиите сѐ уште се во состојба на шок од пандемијата и имаат потреба од понатамошна поддршка од регулаторите. Сепак, сметаме дека во следниот период ќе се забележат нагорни трендови на каматните стапки глобално, што потоа ќе се одрази и на каматните стапки локално.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од Стопанска Банка АД Скопје во 2022 година?

Стопанска банка АД – Скопје: Стопанска банка АД – Скопје за 2022 подготвува повеќе значајни проекти кои ќе бидат од корист за клиентите и ќе овозможат продлабочена соработка. Како Банка со најдолга традиција, Стопанска банка и во 2022 ќе биде столб на економијата, во таа насока и најголем дел од развојните цели се насочени кон проекти кои придонесуваат отворање на нови работни места, зголемување на извозот, подобрување на производните капацитети и други инфраструктурни проекти од значење за целата економија, а во исто време на своите клиенти во сегментот население ќе продолжи да им нуди современи производи и решенија кои им овозможуваат оптимално искористување на семејните буџети и рационално и самостојно управување со финансиите.

Продолжуваме со развој на дигитални решенија кои на клиентите ќе им овозможат поголема слобода да изберат кога и како ќе имаат интеракции со Банката, каналите за комуникација се повеќе се индивидуализираат и овозможуваат подиректна и поотворена комуникација која резултира со персонализирани решенија и поголемо задоволство од соработката.

Во согласност со светските трендови продолжува и проширување на понудата на пазарот од страна на банките во соработка со осигурителните компании и не радува фактот што Стопанска банка овој пазарен сегмент го развива паралелно со својата постојна понуда на производи и тоа брзо и со значително позитивни резултати пред се за клиентите, а потоа и за Банката и за партнерите осигурителни компании.

Оваа година исто така ќе биде посветена и на развојот на човечкиот потенцијал, односно на нашите вработени, кои посебно во филијалите беа најмногу засегнати од промените наметнати од ковид пандемијата. Продолжуваме да создаваме работни услови прилагодени на промените и можност за надградба и напредување како и за себереализација.

Интервјуа

Интервју КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ: Македонија во изминатите 25 години “преживеа” 10 шокови, но ниту еднаш не го промени девизниот курс

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање


Популарно