Интервјуа
Очекувања на Стопанска банка а.д. Битола за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Стопанска банка а.д. Битола.
Банкарство: Дали можете да направите кратка ретроспектива на изминатата 2019 година. Дали таа беше успешна за Вас и за Вашата институција и кои поуки ги извлековте од 2019 година?
Стопанска банка а.д. Битола: Како и секоја претходна така и изминатата 2019 година беше година исполнета со низа предизвици со кои Банката успешно се справуваше како што тоа и го прави повеќе од 70 години колку што функционира на банкарскиот пазар. Она што е карактеристично за 2019 година е што постигнавме значителен раст на вкупниот биланс, односно го зголемивме депозитниот потенцијал што претставува една голема потврда за довербата на населението и компаниите во Банката.
Водејќи политика на претпазливо кредитирање со фокус на домаќинства и микро клиенти, постигнавме солиден раст кај кредитите на население. Обезбедувавме и финансиска поддршка на квалитетни инвестициски проекти на бизнис заедницата, а ги финансиравме и нивните потреби за трајни обртни средства со што дадовме соодветен придонес кон придвижување на економијата и генерирање на економски раст. Сето ова ни овозможи и остварување на позитивен финансиски резултат како основа за зајкнување на капиталот и долгорочна финансиска стабилност.
Свесни за позитивниот ефект од препознавање на потребите на клиентите и креирање на производи прилагодени на профилот на модерниот клиент, напорите ги насочивме кон поголема дигитализација на процесите заради подобро и побрзо опслужување на
клиентите. Понудата на иновативни производи во услови на ограничени алтернативи за вложување на слободните парични средства на домаќинствата ни овозможија да бидиме први на пазарот со инвестицискиот депозит наменет за физички лица кој наиде на одличен интерес кај јавноста.
Исто така, преку двојниот cash-back со Master Card картичките им овозможивме на клиентите да ги финансираат нивните тековни трошоци истовремено остварувајќи солиден поврат на средствата од реализираните трансакции.
Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2020 година во нашата земја и во регионот?
Стопанска банка а.д. Битола: Дигитализацијата и понатаму очекуваме дека ќе биде водечки тренд во банкарскиот сектор. Во услови на силна конкуренција дигитализацијата се покажува како одлична алатка за намалување на трошоците од една страна и привлекување клиенти од друга страна. Со оглед на нивото на технолошки развој на финансикиот сектор во напредните економии, постои голем простор за понатамоштен постепен продор на нови технологии и во домашниот банкарски систем.
Од аспект на макроекономски перформанси очекуваме понатамошно забрзување на економијата поддржано од кредитната активност на банките. Такви сигнали праќа и монетарната политика преку последното намалување на каматната стапка на благајничките записи како репер за движењето на основната каматна стапка во втората половина од годинава. Ваквото намалување ќе предизвика надолен притисок врз каматните стапки, а доаѓа во услови кога банкарскиот сектор во континуитет покажува вишок ликвидност чие ослобоување преку кредитирање на корпоративниот сектор и домаќинствата би претставувало дополнителен стимул за економската активност.
Во тој поглед согласно проекциите на НБРСМ се очекува раст на кредитната активност на среден рок од околу 8%, тренд што Стопанска банка а.д. Битола е подготвена да го следи преку понуда на квалитетни производи и услуги по конкурентни услови прилагодени на потребите на клиентите.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Стопанска банка а.д. Битола во 2020 година?
Стопанска банка а.д. Битола: Стопанска банка а.д. Битола ќе продолжи со своите плански активности кои предвидуваат зголемување на бројот на клиенти, раст на кредитирањето и депозитниот потенцијал, а со тоа зајакнување на пазарната позиција и остварување позитивни финансиски резултати на долг рок.
Во фокусот секако остануваат нашите постоечки и потенцијални клиенти за кои максимално ќе се трудиме да им понудиме врвни производи и услуги кои ќе им ги олеснат секојдневните финансиски активности од аспект на едноставност, достапност и брзина. Ова ќе го постигнеме преку унапредување на процесите, подобрување на функционалноста на постоечките системски решенија и воведување на нови.
Поврзувањето со субјектите во економијата преку дигитални платформи што ќе води кон win-win ефект од меѓусебното вмрежување останува една од водечките цели во работењето на Банката која во ера на модерно банкарство е клучен фактор за креирање на дополнителна вредност како за клиентите, така и за самата Банка.
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка