Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на ПРОКРЕДИТ БАНКА за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Емилија Спировска, Член на Управен одбор на ПроКредит Банка.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали истата беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2020 година?

Емилија Спировска – ПроКредит Банка: Иако пандемијата на Ковид 19 во голема мера го промени нашето секојдневие, сепак не ја промени динамиката на нашето работењето благодарение на високиот квалитет на професионалност на нашите вработени и комплетната дигитализација на сите услуги.

Во работењето со нас клиентите се во можност сите операции со Банката, како што се плаќања, штедење, менувачко работење и електронско потпишување договори да ги извршуваат од нивните канцеларии или од дома, со користење на мобилен телефон или со контактирање на нашата дигитална филијала, без да се изложуваат на непотребни здравствени ризици со физичка посета во Банката.

Не помалку важна перспектива е што и во услови на пандемија и намалена економска активност ние докажавме дека сме тука за нашите клиенти.

Во текот на годината пласиравме над 155 милиони евра во кредити кај бизнис клиентите за финансирање на нивните инвестиции и обртен капитал. Во услови на стагнација на кредитирање на правни лица на ниво на банкарскиот сектор во текот на годината (раст под 1%), ние за истиот период бележиме раст од 11% или 39 милиони евра..

Покрај тоа, она што можеби беше и најважно за бизнисот е дека исклучително брзо превземавме мерки за поддршка преку одобрување на мораториум или исплата на дополнителни средства за ликвидност. Секој бизнис клиент во банката има свој советник со кој е во редовна комуникација. Со секој клиент заеднички го следиме развојот на ситуацијата, деловните активности и перфромансите на бизнисот, со цел во договор со нив да ги превземеме сите неопходни мерки за брзо решавање на барањата на клиентот, без разлика дали се работи за реструктуирање, исплата на средства за обрт или пак финансирање на нова инвестиција. Оваа зачестена комуникација и индивидуалниот пристап кон секој клиент се веќе препознаени на пазарот, па така и бројот на бизнис клиенти годинава го зголемивме за 10%.

Квалитетната услуга и комплетно дигиталната понуда придонесе да привлечеме рекорден број на физички лица кои ја примаат платата и вршат дигитални трансакции во банката. На ова поле реализиравме одличен раст од 20%. Ова ни потврди дека сме чекор пред другите и кога се работи за услуга која ја нудиме на примателите на плата, а истото беше препознаено од страна на населението.

Она што оваа година го потврди е дека комбинацијата на исклучително квалитетни вработени, дигитализација и агилност се неопходни елементи во градењето на една компанија. Ние токму таму инвестиравме во претходните години, а како резулатт, таквиот пристап гарантира поголема отпорност на турбуленции и неизвесности кои доаѓаат од окружувањето.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2021 година во нашата земја?

Емилија Спировска – ПроКредит Банка: Ако 2020-та година беше Ковид-година, која помина во сенка на пандемијата, новата 2021-ва е година на големи очекувања.

Очекуваме пред се 2021 година да биде година на враќање на животот во нормала и нормално функционирање на општеството. Тоа ќе придонесе до стабилизирање на економијата, но и кон старт на посериозна инвестициона активност и зголемување на побарувачката за обртни средства кај компаниите, но и зголемена потрошувачка кај физичките лица.

Банкарскиот сектор е стабилен и ќе биде столб на кој реалната економија ќе се потпре во справувањето со оваа криза, но и ќе помогне за брз и ефикасен излез од истата.

Во 2021 очекуваме дигитализацијата на услугите кои населението ги добива од банките, да станат главен фокус на сите банки во нашата земја. Она на што Ковид кризата не поттикна да го забврзаме дефинитивно треба да ни остане во фокус и во следната година – развој на дигитални, брзи и едноставни услуги за клиентите. Часовите издвоени за чекање пред вратите на банките да не се прифатат како дел од новата реалност.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од ПроКредит Банка АД Скопје во 2021 година?

Емилија Спировска – ПроКредит Банка: Стратегијата која и досега носеше резулатати нема да се менува во 2021 година. Прокредит банка докажа дека е партнер на кој бизнисот може да се смета, како во време на криза, така и во време на просперитет. Добро ги познаваме нашите клиенти, нивната историја, јаките страни, но и предизвиците со кои се соочуваат во своето работење. Покрај тоа, нашиот тим располага со знаење и искуство, но и ентузијазм заедно со клиентите да навигираме кон полесен излез од кризата, но и остварување на инвестициите на зацртаните цели за развој во новата година.

Дополнително, трендот на дигитализација ќе продолжи да биде во фокусот на Банката. Максимално сме посветени на континуирана надградба на нашата дигитална платформа со која на клиентите им овозможуваме безбедна, брза, ефикасна и сигурна комуникација со банката. Со развојот на нашето електронско банкарство, мобилна апликација, но и “sign in” платформа, се дигитализира процесот на кредитните и административните барања на клиентите, така што најголем дел од нив немаат воопшто потреба да доаѓаат во нашите филијали. Потпишувањето на барањата и договорите за кредити и гаранции, но и останати административни документи од сега може да се прави по електронски пат – брзо, едноставно и пред се сигурно. Ваквиот квалитет на дигитална услуга е она што ќе продолжи да биде препознатливо за ПроКредит Банка во нашата земја, и една од главните причини да клиентите, правни лица и население да избират да работат со нас.

Интервјуа

Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности

Објавено

на

Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.

(more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ: Македонија во изминатите 25 години “преживеа” 10 шокови, но ниту еднаш не го промени девизниот курс

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)

Продолжи со читање


Популарно