Интервјуа
Очекувања на менаџментот на ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Нина Неданоска, Претседател на Управен одбор на Охридска банка АД Скопје.
Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали истата беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2020 година?
Нина Неданоска: Во една историска година со специфични услови за работа, морам да ја нотирам важноста од агилноста во бизнисите, можноста за адаптација и реструктурирање кон пазарните услови.
Забележавме дека за опстојување во поинакви услови, мораме да бидеме подготвени и во промена на бизнис моделите. Дефинитивно годината беше доминантно обележана од влијанието на Ковид 19 во бизнисите.
Во Охридска банка бевме соочени со предизвикот да го зачуваме здравјето на вработените и да создадеме безбедни услови за работа, да овозможиме безбедни услови за клиентите при посета на деловните објекти, а притоа континуирано да пружиме квалитетна банкарска услуга. Во краток временски период овозможивме цели системи за работа од далечина, што само по себе е голем ИТ инфраструктурен зафат. За физичката достапност на експозитурите моравме да креираме тимови кои ќе работат во ротација за да ги минимизираме ризиците од пренесување на заразата.
И покрај сите овие нови моменти во работењето, бевме максимално посветени на развојот на Банката, откако таа се приклучи на групацијата Штаермеркише Шпаркасе. Овој важен настан наложи интеграција на податочни бази, пренесување на работни политики, тестирање на нови софтверски решенија итн. Витално значење за развојните политики, но и континуираната квалитетна услуга, беше посветениот ангажман на вработените во Банката.
Глобалната слика е дека и покрај овие настани, Банката го зголеми кредитното портфолио, а за една третина го намали нивото
на нефункционални кредити со истиот период лани. За Охридска банка е важно дека била и ќе биде ликвидна, солвентна со високо ниво на адекватност на капиталот.
Главната поука од изминатата година, а и желба за претстојната година е да водиме сметка за здравјето и да го уживаме секој момент поминат со најблиските.
Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2021 година во нашата земја?
Нина Неданоска: Верувам дека 2021 година ќе послужи како година во која домашната економија првенствено ќе се рехабилитира од кризата. Сè поизвесен е моментот на пристигнување на вакцините за Ковид 19 во Македонија, а токму овој момент е клучен, затоа што во голема мера од него ќе зависи и отворањето на економијата, односно намалување на рестриктивните мерки за сметка на заживување на бизнисите и повторно отворање кон пазарот.
Банкарскиот сектор и во 2021 останува поддршка на државата и реалниот сектор. Токму во 2020 го видовме значењето на стабилноста и високата капитализираност која ја одржуваат банките. Генерално сметам дека банките и оваа година ќе го задржат внимателниот пристап кој е карактеристика на банкарскиот систем во Македонија и политика со што се овозможува долгорочна стабилност, но исто така сметам и дека банките во голема мера ќе бидат присутни во закрепнувањето на домашната економија преку финансирање на капитални проекти и инвестиции.
Во поглед на пазарните трендови, сметам дека дигитализацијата ќе биде сè поприсутна тема во продуктната политика на банките. Не само како тренд, туку и како потреба, затоа што го забележавме значењето на дигитално достапните услуги во време кога беше потребно да се задржи социјалната дистанца и да се зачува јавното здравје.
Сепак, сметам дека 2021 ќе биде одбележана од окрупнувањето на групацијата Штаермеркише Шпаркасе во Македонија, односно најавеното спојување на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија што е круцијална точка во банкарскиот екосистем од повеќе причини, а како поважни ќе ги наведам: збогатувањето на пазарната понуда, поттикнување на конкурентноста, зголемувањето на иновациите во банкарството, но и зајакнување на стабилноста и сигурноста на банкарскиот сектор во целина.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Охридска Банка АД Скопје во 2021 година?
Нина Неданоска: Охридска банка и во 2021 година останува посветена да биде банка од доверба за своите клиенти и гордост за своите акционери.
Во новата година ќе продолжиме да бидеме партнер на домашната економија и ќе работиме напорно да понудиме финансиски конструкции за желбите на нашите клиенти да станат реалноста.
Секако главните напори ги насочуваме да го понудиме долгогодишното присутство на македонскиот пазар, традицијата, богатото меѓународно искуство, во создавање на една голема, моќна и модерна Шпаркасе банка Македонија.
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје