Интервјуа
Очекувања на менаџментот на Охридска банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на менаџментот на Охридска банка АД Скопје, односно ставовите и очекувањата на Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор и Никола Миткоски, член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.
Банкарство: Дали можете да направите кратка ретроспектива на изминатата 2019 година. Дали таа беше успешна за Вас и за Вашата институција и кои поуки ги извлековте од 2019 година?
Нина Неданоска: 2019 година беше особено значајна за Охридска банка, особено од аспект на промените што се случија во сопственичката структура. Во изминатата година австриската групација „Штаермеркише Шпаркасе“ стана доминантен сопственик на акциите на Банката откако француската „Сосиете Женерал“ донесе одлука да се повлече од целиот регион, вклучително и од Македонија. Ваквата историска промена во банкарскиот сектор ја одбележа 2019 година во нашата банка, а сето тоа во низа донесе и доста промени.
И покрај овие значајни промени, во целина, 2019 година беше успешна за Охридска банка. И оваа година ја завршивме со солидна добивка. Политиката и принципите на работа на „Штаермеркише Шпаркасе“ се поразлични и нашата банка прави континуирани приспособувања кон нив. Се очекува тоа да има импакт врз искажаната добивка за годината, но не и импакт врз стабилноста на Банката, на квалитетот на услугите и на продуктното портфолио.
2019 година беше особено значајна и за мене лично. Со назначувањето за претседател на УО на Охридска банка и за член на УО на идната интегрирана Шпаркасе банка Македонија се променија во голем дел моите лични обврски и одговорности. Застанав на чело на Банката во моментот кога започнаа сите промени. Тоа е огромен предизвик, но и огромна одговорност кон Групацијата, кон клиентите и кон нашите вработени.
Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2020 година во нашата земја и во регионот?
Никола Миткоски: За очекување е банкарскот сектор во земјата, во услови на зголемена ликвидност, од една страна, и со оглед на предвидениот пораст на БДП и стабилните макроекономски параметри, од друга, и во годината што започнува да го задржи трендот на кредитниот раст во линија на проекциите на Централната банка. Претстојните предвремени парламентарни избори можат во одреден период да го забават кредитниот раст, но не очекувам да имаат негативно влијание врз остварувањето на очекуваниот пораст до крајот на 2020 година. Доколку изборниот процес заврши во разумен рок, сметам дека забавувањето на економијата ќе биде, исто така, краткорочно. Од друга страна, пак, дополнителен акцелератор на кредитниот раст може да биде и претстојната долгоочекувана интеграција во НАТО, за која се предвидува дека ќе ги зајакне инвестициите во земјата и ќе донесе стабилен инвестициски циклус како од странски така и од домашни инвеститори.
Имајќи ги предвид моменталната висока ликвидност на банкарскиот сектор и намалувањето на основната каматна стапка, очекуваме продолжување на притисокот врз висината на каматните стапки, кој, како и минатата година, ќе биде поинтензивен на страната на активните каматни стапки, што дополнително ќе влијае и на каматните маргини на банките. Но, очекувам дека овој т.н. притисок врз каматните стапки ќе направи и индиректен притисок во насока на создавање пошироко продуктно и услужно портфолио на банките, кое вклучува нови кредити, пакети на производи, воведување нови услуги за клиентите, интензивирање на советодавната улога на банките во однос на клиентите итн.
Во вакви услови и опкружување, Охридска банка ќе продолжи со предвидената динамика на кредитирање со планиран кредитен раст над просекот на банкарскиот сектор. Во фокусот за финасирање на Банката остануваат клиентите со одржливи и профитабилни проекти во корпоративниот сектор и кредитоспособните клиенти со редовни приходи во сегментот население како прифатливи ризични профили.
Банката и во 2020 година останува посветена на подобрување и унапредување на корисничкото искуство, на постојано вложување во подобрувањето на квалитетот на услугите и на нивната достапност до нашите клиенти, со акцент на симплификација, автоматизација и дигитализација на процесите.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Охридска банка АД Скопје во 2020 година?
Нина Неданоска: Во 2020 година Охридска банка ќе го продолжи процесот на успешно интегрирање во „Штаермеркише Шпаркасе“ сè до поставување една голема, моќна и силна четврта Шпаркасе Банка Македонија. Клиентите на двете банки веќе ги почувствуваа првите бенефиции од интеграцијата на двете банки, а тоа е можноста за бесплатно подигнување готовина со дебитни картички на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија во земјата, како и на сите банкомати на Ерсте и на Шпаркасе во Европа.
Главен фокус останува грижата за нашите клиенти и понудата на конкурентни производи и понуди. Во првиот квартал од годината ќе ја збогатиме нашата понуда со два нови иновативни кредитни производи со комплетно поинаков пристап и начин на користење и сервисирање. Иновативните дигитални решенија и е-сервиси остануваат наш приоритет и поле за инвестирање.
Во делот на кредитирањето, како и досега, нашите проекции се дека кредитната активност на Банката ќе биде подинамична од проекциите што ги објави Народната банка, па во таа насока остануваме активни на полето на кредитирањето и на правните лица и на сегментот население.
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | СТЕВЧЕ КУЗМАНОВСКИ, ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
Од соговорниците побаравме да направат кратка ретроспектива на изминатата 2022 година, да ги споделат своите очекувања околу новите трендови во банкарскиот сектор во 2023 година, да дадат свој коментар на движењето на каматите на активата и пасивата, да ги истакнат предизвиците со кои ќе се соочи банкарскиот сектор по имплементацијата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи и да откријат еден новитет кој банката ќе го воведе во тековната година. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје