Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на НЛБ Банка за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на менаџментот на НЛБ Банка АД Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2019 година. Дали годината беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2019 година?

НЛБ Банка АД Скопје: Измината 2019 година беше уште една од низата на исклучително успешни години за НЛБ Банка АД Скопје, која е еден од најдобрите и најдоминантните банкарски играчи на македонскиот пазар. Како дел од една од најуспешните групации во регионот – НЛБ Групација, Банката е трета по големина во однос на актива, и во 2019 година претставуваше втора системски најзначајна банка во Северна Македонија. Банката активно учествува во секојдневното непречено функционирање на граѓанскиот и реалниот сектор и тоа преку својата избалансирана позиција, како втора Банка по големина на кредитно портфолио кај физички и правни лица и трета Банка по големина на депозити од небанкарскиот сектор. 

Годината која измина, остваривме позитивни финансиски резултати, и тоа нето добивка од 30 милиони евра, поврат на капиталот (ROE) од 18,2% и поврат на активата (ROA) од 2,2%. Особено сме горди што остварениот резултат е проследен со зголемено задоволство на нашите клиенти, што е најголема потврда за успешноста на работата.Тоа се гледа од вкупниот број кој надминува 750 илјади клиенти, од кои над 400 илјади се редовно активни, а секој четврти вработен и петти пензионер во Северна Македонија својата плата односно пензија ја прима преку НЛБ Банка. 

Следејќи ги светските трендови, како лидер во дигитализацијата на македонскиот пазар изминатата година работевме на развој на иновативни продукти и услуги, електронски сервиси, нови дистрибутивни канали, а паралелно работевме и на поедноставување и оптимизација на процесите. Постојано го надградуваме електронското и мобилното банкарство со нови и подобрени функционалности. Станавме прва банка на пазарот која ги интегрираше двата картични бренда Visa и MasterCard во мобилниот паричник – NLB Pay – преку кој клиентите можат да плаќаат бесконтактно само со доближување на својот мобилен телефон на било кој ПОС терминал во земјата и странство.

Во 2019 година воведовме уште еден канал на комуникација и станавме првата банка во државата достапна преку Вибер, при што го промовиравме првиот банкарски електронски асистент: НЕЛА, која е на располагање 24/7, подготвена да одговори на сите прашања поврзани со производите и услугите. Со НЕЛА отвораме нови врати во банкарството и ги поставуваме темелите на виртуелната комуникација и основите на вештачката интелигенција кои ќе ја направат комуникацијата со клиентите поедноставна и подостапна, а клиентите ќе добијат подобра и побрза поддршка во секое време од денот.

На почетокот на месец јуни, НЛБ Банка ја заокружи првата трансакција на Лондонска берза, со што стана првата банка во Македонија, по либерализацијата на капиталните текови, која започна да прима и извршува налози од клиенти за тргување со хартии од вредност на повеќе од 50 светски берзи.

Во однос на правните лица, една од нашите основни определби е поддршка и финансирање на малите и средни претпријатија. Изминатата година активно работевме и на креирање на посебни кредитни продукти наменети за различни сегменти на клиенти. Следејќи ги најновите трендови, во зависност од потребите на различните сегменти, креиравме посебни пакет продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови како што се: Пакетот за стартап компании, Пакетот иноватор кој е наменет за компании кои добиле грант од Фондот за иновации и технолошки развој, Пакет продукти за компании инвеститори во фотонапонски централи, како и посебна понуда за нето извозниците. Во насока на обезбедување стабилност на идните финансиски трошоци за компаниите-инвеститори, воведовме кредитна линија од 10 милиони ЕУР во рамките на која се одобруваат долгорочни кредити со фиксна каматна стапка до 10 години. Дополнително, почнавме и со пласирање на средства од новата кредитна линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополни кредитната понуда со кредити до 12 години.

За успешноста на НЛБ Банка говорат и наградите и признанијата кои ги добивме минатата година. Бевме прогласени за Банка на годината по десетти пат од угледниот финансиски магазин „The Banker“, чиј избор се прави врз основа на повеќе критериуми: постигнатите финансиски резултати, способноста да генерира профит, да развива нови производи, услуги и технологии, да ги опслужува своите клиенти и да се здобие со стратешка предност. Исто така добивме и награда за најдобра банка од реномираните финансиски магазини Euromoney и ЕМЕА. Покрај меѓународните признанија, добивме и признание за „Компанија ориентирана кон луѓето“ од Асоцијацијата за човечки ресурси, како и награди за најтранспарентна компанија и членка со најголем промет од Македонска берза. Наградите се резултат на многу труд, посветеност и напорна работа и за нас претставуваат дополнителен мотив за уште поголеми успеси во иднина. Покрај наградите како потврда за нашиот успех е и тоа што сме најдобро перципиран банкарски бренд во Македонија. Уживаме висок степен на углед и доверба кај клиентите, а она што не издвојува од конкурентските банки е иновативноста во понудата, достапностa и дигитализацијата. 

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2020 година во нашата земја и во регионот?

НЛБ Банка АД Скопје: Македонската економија во изминатата година забележа раст придвижен од домашната побарувачка, кој се очекува да продолжи и во 2020 година, при соодветно поставена монетарна политика и стабилен банкарски систем.

Со оглед на закажаните предвремени парламентарни избори се очекува краткорочно забавување на економската активност со воздржана потрошувачка, како и воздржување од инвестиции. Од друга страна, членството во НАТО, напредокот и продолжувањето на структурните реформи на среден рок се очекува да имаат позитивен ефект на целокупната економска активност во текот на 2020 година.

Веќе најавеното окрупнување во банкарскиот сектор ќе резултира со засилена конкуренција и борба за клиенти со понуда на поконкуренти услови.

Во моментот на пазарот има исклучително ниски каматни стапки, при што има голем притисок не само од страна на конкуренцијата, туку и од страна на клиентите. Имјаќи го ова во предвид, се очекува банките се повеќе да работат на поголемо диверзифицирање на понудата, подобрување на корисничкото искуство и подобрување на услугите.

Со цел поддршка на економијата, во фокусот на банките ќе биде кредитирањето на правните лица и финансирање на развојните проекти. Исто така се очекува поголема либерализација на платежните системи и инстант плаќањата, односно засилување на конкуренцијата и во сегментот на платежните услуги.

Трендовите во банкарската индустрија како што се интернет и мобилното банкарство и во 2020 година ќе бидат во фокусот на сите банки, особено што развојот на небанкарските (финтек) компании претставуваат дополнителна конкуренција. Со цел да одговорат на сите предизвици воведувањето на иновативни дигитални продукти и следењето на светските трендови ќе стане приоритет за сите банки. 

Банкарство: Што можеме да очекуваме од НЛБ БАНКА АД Скопје во 2020 година?

НЛБ Банка АД Скопје: НЛБ Банка Скопје како најголема банка и најуспешна членка на НЛБ Групацијата е еден вид економски амбасадор на Словенија и истовремено е и една од најуспешните словенечки инвестиции во нашата земја. Оваа година одбележуваме 35 години од нашето постоење, како и 20 години  од влезот на НЛБ како стратешки партнер. За целиот овој период Банката работи со позитивни резултати и обезбедува висок поврат на инвестицијата.

НЛБ Банка и во 2020 година ќе продолжи со истата динамика во насока на остварување на позитивни финансиски резултати, одржување на висока ликвидност и зајакнување на пазарната позиција. Следејќи ја нашата стратегија и во наредната година во фокусот на работењето ќе го имаме задоволството на нашите клиенти и континуирано и посветено ќе работиме на изнаоѓање на најоптимални решенија за секој поединечен клиент. Банката во следниот период ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси. Иновативниот и проактивен пристап кон работењето и во 2020 година ќе резултира со континуирано воведување на новини во делот на услугите и производите со цел и понатаму да бидеме двигатели на промените во банкарскиот сектор. 

Целосната дигитализација на нашите продукти и услуги е неизбежна, а мобилниот телефон веќе претставува основен канал за комуникација со Банката и место за извршување на сите банкарски трансакции. Тргнувајќи од ова, НЛБ Банка интензивно продолжува да работи на развојот на нови услуги и надградување на мобилното банкарство кое во иднина ќе биде главниот канал преку кој клиентите ќе пристапуваат до Банката и преку кој ќе ги користат сите финансиски продукти и услуги.

Во однос на правните лица, имајќи го во предвид фактот дека малите и средните претпријатија се тие кои го движат бизнисот, поддршката и финансирањето на истите остануваат клучни приоритети. Ќе продолжиме активно да работиме на креирање на посебни кредитни продукти наменети за различни сегменти на клиенти кои ќе се разликуваат во зависност од намената, типот, на активност, големината на фирмата и други карактеристики притоа следејќи ги трендовите. Дополнителен фокус ставаме и на финансирањето на развојни проекти со акцент кај малите и средните бизниси. Во деловните односи со клиентите и понатаму ќе настапуваме како партнери, при што освен понудите на современи продукти и финансиска поддршка, се ориентираме и кон обезбедување на советодавни услуги, контакти со можни соработници во земјата и регионот (преку НЛБ Групацијата), економско-техничка оценка на проекти, како и правна поддршка. 

Интензивни кредитни активности се планирани и кај сегментот физички лица, засилена продажба на полисите за животно, неживотно и пензиско осигурување, како и поинтензивно користење на услугите на платните сервиси адекватно на сезонските движења во економијата, со цел континуирано позитивно работење и остварување на планираните цели утврдени за наредниот период. 

Сето ова ќе го изведеме со постојаното надградување на дигиталните сервиси, континуирано осовременување на мрежата на експозитури со цел да им понудиме на нашите клиенти избор на современ или традиционален пристап на комуникација со Банката, во зависност од навиките, потребите и очекувањата.

Тука би ја споменале и општествената одговорност, како сегмент на кој посветуваме особено внимание, и оваа година е дел од нашата стратегија. Редовно ќе преземаме општествено-одговорни активности преку поддршка на проекти од областа на културата, спортот, науката, образованието, животната средина, како и проекти за деца и млади, со цел подобрување на квалитетот на животот  во општеството.

Нашиот однос кон вработените, кои имаат клучна улога во успешното работење, е исто така сегмент во кој активно продолжуваме да инвестираме. Нашите вложувања во едукацијата, надградбата, можностите за професионален развој и креирањето на пријатна работна средина, се со цел и понатаму да бидеме посакуван работодавач од една страна и да имаме среќни и задоволни вработени од друга страна. 

Интервјуа

Диомидис Николетопулос: Стопанска банка го прави точно тоа што најдобро знае да го прави, ја поддржува економијата работејќи заедно со луѓето и компаниите!

Објавено

на

„Во врска со каматата што ќе продолжи да се пресметува за време на одложениот период…Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата.“, рече претседателот на Управниот одбор и Генерален Извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, во интервју за „Капитал“. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Глигор Бишев: Банките се јавно добро. Кога тие се здрави и стабилни, целокупното општество е здраво и просперитетно

Објавено

на

„Банките се јавно добро. Кога тие се здрави и стабилни, целокупното општество е здраво и просперитетно. Нестабилен и руиниран банкарски сектор води кон длабока и долгорочна рецесија и исклучување на земјата од приливот на капитал од странство.
Како јавно добро, обврска на сите нас е да ја сочуваме неговата стабилност, особено тоа е наша обврска, на менаџерските тимови на банките.“, рече претседателот на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како претставник на Македонската Банкарска Асоцијација во емисијата „Економски магазин“ на АЛСАТ ТВ. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Билал Суџубаши: Следете ги препораките, Халкбанк е тука за сите вас бидејќи сите сте важни!

Објавено

на

Свое обраќање до клиентите, вработените и целокупната јавност имаше главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, г-дин Билал Суџубаши.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно