Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на НЛБ БАНКА СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Бранко Грегановиќ, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Бранко Грегановиќ: Главна карактеристика на годината што измина е постепеното закрепнување на економските системи од кризата наметната од пандемијата, што предизвика долготрајни затворања, рестрикции и нарушувања на синџирите на набавка и продажба. За жал, закрепнувањето не се одвиваше со динамиката која сите ние ја посакувавме, а предизвиците кои се поврзани и кои произлегоа од пандемијата сѐ уште се актуелни и ќе имаат влијание врз темпото на раст и развој и во 2022 година.

Она што секако треба да се нотира е дека во целиот овој период финансискиот систем на земјата, а особено банките, ја задржаа ликвидноста и вложуваа во развојот на услугите и квалитетот на нивните односи со клиентите. Финансискиот систем и банките покажаа дека се подготвени брзо да се адаптираат на новата реалност и со тоа успешно да ги совладаат сите предизвици, испорачувајќи ја неопходната поддршка за граѓаните и за стопанството.

Со задоволство можам да кажам дека НЛБ Банка е една од тие успешни банки на македонскиот пазар, за што говори податокот дека, заклучно со крајот на септември 2021, Банката ја оствари планираната нето добивка и раст на кредитите од 7%, што е показател дека Банката продолжува да обезбедува значителна поддршка за своите клиенти.

За мене лично, 2021 беше година на значајна промена, а тоа е приклучувањето кон тимот на НЛБ Банка Скопје, кој од почетокот на јануари 2022 и официјално имам чест да го водам. Сакам да напоменам дека од она што досега го видов, НЛБ Банка Скопје во секој поглед е една навистина современа, стабилна и угледна финансиска институција на пазарот, со голем потенцијал за натамошен раст и развој. Особено би сакал да нагласам дека се работи за исклучително квалитетен и посветен тим на професионалци. Сето тоа ми дава дополнителен мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, како и во нејзиниот придонес за просперитет на пошироката заедница и целата македонска економија.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?

Бранко Грегановиќ: Трендовите во банкарскиот сектор се нераскинливо поврзани со предизвикот на дигиталната трансформација во банкарското работење. Покрај сите негативни ефекти што ги предизвика пандемијата, забрзаната дигитализација може да се смета за една своевидна придобивка.

Дигитализацијата и воведувањето на иновативни дигитални банкарските производи и услуги како тренд ќе продолжи и оваа, но и во годините што следуваат. Банките сѐ повеќе ќе мора да се трудат, на тој начин да го олеснат пристапот до своите производи и услуги и да стекнат нови клиенти, особено помеѓу младата популација која е родена и живее во дигитален свет. Несомнено, ваквиот тренд ќе влијае на натамошниот развој, унапредувањето на квалитетот, достапноста и брзината на банкарските услуги.

Сметам дека во годините што следуваат, македонскиот банкарски сектор ќе почне подинамично да се развива и во сегментот на продажба на небанкарски производи, користејќи го притоа потенцијалот на своите експозитури по градовите ширум земјата.

Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?

Бранко Грегановиќ: Очекувам оваа година каматните стапки да останат на сегашното, особено ниско ниво, доколку во наредниот период не дојде до заострување на монетарната политика и продлабочување на постоечките предизвици во економското опкружување. Се разбира, ние ја следиме активно ситуацијата на пазарот и одлуките на креаторите на политиките во монетарната сфера и соодветно на тоа ќе ги носиме одлуките за каматните стапки на кредитните производи.

Како што знаете, на висината на каматите влијаат многу фактори, при што голем дел од нив се вон директна контрола на самите банки. Каматната политика на банките зависи од динамиката на макроекономските движења, финансиската моќност на нашите клиенти и нивната подготвеност да купуваат и инвестираат повеќе. Се разбира, главниот предизвик денеска секако е пандемијата и факторите како што е енергетската криза со која се соочува Европа, а која особено ги погодува земјите-увознички на енергија, каква што е Северна Македонија.

Секој позначаен раст на цените на енергијата секако дека ќе ги зголеми трошоците на компаниите и на населението и ќе има влијание врз финансиската моќност на нашите клиенти, а со тоа и на вкупната економска состојба во земјата. Големо влијание врз каматите сепак има монетарната политика, која досега беше исклучително релаксирана, што во услови на зголемена конкуренција помеѓу банките, овозможи намалување на каматни стапки.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од НЛБ Банка Скопје во 2022 година?

Бранко Грегановиќ: Во 2022 ќе останеме концентрирани на решенија кои ќе ни овозможат уште подобри резултати во клучните сегменти на работењето, а тоа се: проширување на палетата на нашите производи, зголемување на квалитетот на нашата услуга од што зависи и задоволството и довербата на клиентите, зголемување на задоволството на нашите вработени и нивната благосостојба, како и придонесот кон целата заедница.

Фокусот и оваа година ќе биде на дигитализацијата на нашите производи и услуги за да можеме да постигнеме нивна поголема достапност до клиентите. Ќе продолжиме да работиме на натамошна информатизација при извршување на банкарските трансакции во експозитурите и натамошно надградување на нашите банкарски апликации, како што се мобилната банка и дигиталниот паричник, со цел на нашите клиенти да им овозможиме навистина врвно корисничко искуство. Во идентификација на потребите на клиентите и изнаоѓање персонализирани решенија прилагодени на нивните сегашни и идни финансиски потреби сакаме подобро да го искористиме податочниот капитал кој како банка го поседуваме.

Што се однесува до сегментот на стопанството, во кредитирањето ќе дадеме поголем фокус на т.н. „зелени кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и унапредување на животната средина кои секако ќе бидат инвестиции со најголем раст во следниот период.

Искуството што го имаме и кое го споделуваме со останатите членки во НЛБ Групацијата ни овозможува да се наметнеме како предводници на пазарот во воведување напредни финансиски решенија, како и во поддршка на целосно и оптимално управување со сите финансии предизвици на нашите клиенти. Сето ова очекуваме да ни овозможи продолжување на нашиот досегашен раст и истовремено зачувување на високата ликвидност, стабилност и солвентност на Банката.

Воедно, остануваме посветени на општествената одговорност, реализација на агендата и остварување на целите за одржлив развој. Тие се вградени во нашиот бизнис модел, во секој сегмент од нашето работење, затоа што веруваме дека на таков начин можеме да го подобримеквалитетот на животот во заедницата во која делуваме и да придонесеме за одржлив економски, еколошки и социјален систем.

Интервјуа

Штериева за МИА: Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки

Објавено

на

Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, вели во интервју за МИА претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности

Објавено

на

Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.

(more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ: Македонија во изминатите 25 години “преживеа” 10 шокови, но ниту еднаш не го промени девизниот курс

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно