Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на Капитал Банка АД Скопје за случувањата во банкарскиот сектор во 2020 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2020 година, се обраќаме до банките во Република Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Филип Јордановски, Директор на Сектор за работа со население во Капитал Банка АД Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2019 година. Дали годината беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2019 година?

Филип Јордановски: Изминатата 2019 година беше навистина динамична за Капитал Банка. И покрај значителните промени и оптимизација на кадарот, успеавме да реализираме навистина неколку значајни проекти за банката, но пред се, за подобро корисничко искуство на нашите клиенти, особено во работењето со население. Воведовме нови бесконтактни платежни картички од брендот на Mastercard, ја пуштивме во употреба новата унапредена верзија на електронско банкарство за физички лица, значително ја проширивме мрежата на трговски партнери и кредитни посредници, отворивме две нови експозитури во градовите Велес и Штип, како и дислокација на експозитурата во Аеродром, на нова поатрактивна и подостапна локација за клиентите. Значително ја подобривме комуникацијата со клиентите и брзината на реализација на кредитни барања преку дигитализација на процесите и развивање на Fin Tech иновативни решенија, особено за кредитните продукти кои се достапни за клиентите без посета на нашите експозитури и во секое време, преку онлајн аплицирање или директно кај нашите трговски партнери.

Како резултат на овие активности, како и засилена продажна теренска активност,во 2019 година во доменот за работа со население, банката бележи раст на активното кредитно портфолио од приближно 50%.

Кога се работи во континуитет на нови проекти и усовршување на постоечките, а притоа има и добри резултати, единствено можеме да извлечеме поука дека сме на добар пат и ќе продолжиме со инвестирање во корисничко искуство на клиентите, квалитетот и брзината на услугата и адаптирање на продуктите согласно потребите и кредитната способност на клиентите.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2020 година во нашата земја и во регионот?

Филип Јордановски: И натаму постои одредена неизвесност од домашниот политички амбиент. Предвремени избори, можност за дефокусирање од тековните и планираните проекти, важни за економскиот раст, но во исто време, позитивен поттик на економијата претставува и можноста за забрзување на процесот на евроатланската интеграција.
Стабилноста и политичкиот амбиент е од исклучителна важност за бизнис заедницата и банките и влијаат на потребата од зголемување на кредитна подршка на фирмите кои се вклучени или зависни од инфраструктурниот циклус. Од друга страна, приватната потрошувачка и натаму е еден од двигателите на растот на БДП, што претпоставува и зголемено кредитирање на населението.

Како и да е, банките во овие услови ќе продолжат да работат на градење на стабилно портфолио, следејќи ги светските трендови, да инвестираат во нови дигитални сервиси, кориснички инстант платформи, унапредување на дистрибутивните канали и сл. со цел да обезбедат диференцирана понуда за поединечни сегменти на клиенти.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од Капитал Банка АД Скопје во 2020 година?

Филип Јордановски: Во фокусот на работењето на Капитал Банка и во текот на 2020 година останува да бидат физичките лица. Покрај исполнување на сите планирани оперативни и финансиски цели, ќе биде и понатамошна дигитализација на работењето со цел поголема достапност на продуктите и услугите на банката. Исто така, ќе продолжиме и со промотивни и едукативни активности со цел подигнување на степенот на финансиска писменост, како и зголемување на користењето на електронските сервиси.

Збогатување на понудата на банката и со небанкарски сервиси, односно со осигурителни продукти, брзи онлајн потрошувачки и наменски кредити кои се реализираат само за неколку минути, без доаѓање во банка и со минимална документација, ќе се обидеме и понатаму да одржуваме високо ниво на задоволство на нашите клиенти.

Со оглед на окружувањето и релативно ниските каматни стапки, контролата на трошоците и фокусот на квалитетни пласмани и понатаму ќе бидат од клучна важност.

Во вакви околности ние веќе се позиционираме проактивно и ќе се фокусираме кон стабилно и профитабилно оперативно работење во насока на остварување на целите утврдени во деловната политика.

Во нашата стратегија, предноста му припаѓа на населението, а кај сегментот на корпоративен сектор, на малите и средните компании.

Во новата година, предвидувам реален и остварлив раст во сите сегменти на работењето.

 

Интервјуа

Лукаревска: Со сите информации на едно место се подигнува финансиската писменост

Објавено

на

Подигнувањето на финансиската писменост на населението е од исклучителна важност со цел носење на правилни и информирани одлуки.

Соња Лукаревска, директор на Управата за јавни приходи, се вклучи во кампањата на специјализираниот веб сајт Банкарство.мк за подигнување на информираноста на корисниците, како и за зголемување на компетитивноста во банкарскиот и финансискиот сектор што ќе доведе до подобри услуги за крајните клиенти.

„Постоење на специјален веб сајт за банкарство, во кое на едно место ќе се обединуваат банкарски и финансиски информации ќе доведе до подигнување на финансиска писменост кај населението, брзо споделување на информации и следење на светските трендови. Брзото темпо на живот налага да бидеме постојано во тек со домашните и светските случувања во светот на финансиите, а овој сајт тоа и го овозможува“, вели Лукаревска за Банкарство.мк.

Финансиско информирање достапно за секој, за подобри услуги за клиентите, е главното мото во кампањата која ќе трае во наредниот период и во која учествуваат релевантни предводници на банкарскиот и финансискиот сектор, како и на регулаторните тела од овие гранки.

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју Деспотовски: Стануваме иновациски и стартап центар во регионот за ново поглавје на македонската економија

Објавено

на

Преку Фондот за иновации и технолошки развој поминаа веќе 340 компании кои добија соодветни финансии за развој на нивната бизнис идеја. Директорот Јован Деспотовски за Банкарство одговара на сите клучни прашања, од тоа дали се видливи почетни ефекти од вложените средства, како се гарантираат критериумите за избор на апликациите, како ФИТР ќе ја развива стартап понудата и нивото на иновациите и дали буџетот за нови вложувања ќе расте. Деспотовски во интервјуто вели дека моделот поставен од Светска банка функционира одлично и дека странски експерти одлучуваат на кого ќе се доделат средствата. Тој посакува фондот да расте постојано и подготвен р за првата регионална мисија. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Филип Димитровски: Специјализираните и професионални медиуми се од голема полза за граѓаните и општеството

Објавено

на

Секогаш на страната на корисниците, ја подигнуваме конкуренцијата во банкарскиот и финансискиот сектор. Зголемување на компетитивноста преку квалитетно информирање за услугите кои се нудат на пазарот треба да води кон поголема компетитивност и подобри услови за крајните корисници.
(more…)

Продолжи со читање

Популарно