Connect with us

Интервјуа

Очекувања на менаџментот на КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2022 година

Објавено

на

На почетокот на тековната 2022 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.

За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Ирена Николовска, член на Управниот одбор на Капитал Банка АД Скопје.

Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2021 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали можете да ја оцените годината како успешна за Вас и кои поуки ги извлековте?

Ирена Николовска: Почетокот на кревко економско закрепнување со присуство на неизвесност предизвикана од пандемиската криза беше средина на економските случувања и трендови претходната година, што резултираше со релативно солиден економски раст имајќи ги во предвид околностите на дејствување, економска средина со нарушени синџири на снабдување и производство надополнети со ескалација на кризата во енергетскиот сектор. Во споменатите економски услови, банкарскиот сектор како во акутната фаза на пандемијата така и во, на некој начин, почетната постпандемиска фаза се покажа како поддржувач на процесот на економски закрепнување на реалниот сектор, потпирајќи се пред сѐ на добро позиционираната солвентност која се одржа на високо стабилно ниво и солидните стапки на ликвидност кои исто така укажуваат на расположливоста на ликвидни средства во банкарскиот систем. 

Следејќи ја нашата мисија и деловен план за годината која измина, Капитал Банка ја исполни својата стратешка цел за унапредување на квалитетот на финансиски услуги на клиентите и поддршка во остварување на нивните цели и потреби, истовремено градејќи и зацврстувајќи ги долгорочните соработки, преку континуирано следење на развојот и потребата на своите клиенти при што до особен израз во изминатиот период дојде потребата од дигитализација на деловните процеси. Наша основна предност е брзината и флексибилноста што успешно го докажуваме изминатиот период, наше основно мото е и останува за иднина да биде брзо и квалитетно услужување на клиентите.

Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2022 година во нашата земја?

Ирена Николовска: Согласно проектираната динамика на раст на македонската економија, може да се очекува неутрализирање на негативните економски последици во текот на наредната година, при тоа носители на позитивниот тренд се очекува да бидат растот на личната потрошувачка и растот на инвестициите. Побавното економско закрепнување секако е во тесна корелација со трендот и движењето на светската здравствена криза односно под негативен ефект од евентуалното успорување на процесот на имунизација, зголемување на бројот на новозаболени и воведување на евентуални нови рестриктивни мерки, што има директен импакт врз синџирот на снабдување и производството, а со тоа и на цените.

Подобрувањето на економската клима ќе овозможи банкарскиот систем да продолжи со интензивирање и развој на финансиските активности во насока на обезбедување на услуги со највисок стандард, притоа давајќи предност на дигитализација и технолошки развој и примена во областа на плаќањата, кредитирањето и депозитното работење во насока на профитабилно работење и одржување на капиталните позиции.

Банкарство: Во која насока очекувате да се движат каматните стапки на кредитните производи во периодот што следи?

Ирена Николовска: Македонија како отворена економија кон земјите од Европска унија е под влијание е на случувањата и динамиката на заздравувањето на европската економија.

Според проекциите на ЕЦБ за солиден економски раст, стабилизација на цените и инфлацијата од една страна, и потребата од финансиска подршка на кревкото домашно стопанство, при што улогата на банкарскиот сектор е од големо значење за побрзо закрепнување, од друга страна, се наложува констатацијата дека не се очекуваат позначителни промени во движењето на каматните стапки.

Во овој контекст се секако и мерките на монетарната политика кои водат во насока на обезбедување на финансиска поддршка на реалниот сектор, како и намалување на цената на кредитното финансирање преку одржување на ниското ниво на референтни каматни стапки и истите се во насока на остварување на мерките на економско закрепнување.

Банкарство: Што можеме да очекуваме од Капитал Банка АД Скопје во 2022 година?

Ирена Николовска: Имајќи ги во предвид стратешките цели, Капитал Банка е во фаза на заокружување на процесот на зацврстување на капиталната структурата, процес кој ќе биде целосно реализиран во првиот квартал на 2022 година. Процесот на оваа сериозна докапитализација е ставен во функција на остварување долгорочните деловни цели, во насока на постигнување на усогласена позиција на планираниот раст на Банката и соодветниот пораст на капиталот.

Во периодот кој следи Банката ќе продолжи со интензивирање на работата со население преку воведување на продукти кои ќе бидат нови и единствени на пазарот, со цел зголемување на учеството на пазарот, како во однос на кредити на физички лица, така и во однос на депозити на физички лица. Банката во периодот кој следи ќе изврши проширување на деловната мрежа со отварање на 4 нови експозитури со цел подобрување на територијалната покриеност во земјата и доближување на финансиските услуги до клиентите.

Паралелно, ќе продолжи и фокусот за поддржување на сегментот на микро, мали и средни претпријатија, како најдинамичен сегмент со висока апсорпциона моќ, преку финансиска поддршка на нивното работење прилагодена на нивните потреби.

Како последно, но не помалку значајно е континуираниот процес на дигитализација на финансиските услуги. Имено, трендот на интензивирање на процесот на дигитализација на деловните активности во опкружувањето само дополнително се вклопи во стратешката определба на Банката, која во претстојниот период го доусовршува дигиталното опслужување на клиентите во сите сегменти на финансиските услуги и истовремено е во фаза изработка и имплементација на нови проекти од областа на дигиталиизацијата и технолошките решенија.

Интервјуа

Штериева за МИА: Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки

Објавено

на

Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, вели во интервју за МИА претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева. (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности

Објавено

на

Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.

(more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ: Македонија во изминатите 25 години “преживеа” 10 шокови, но ниту еднаш не го промени девизниот курс

Објавено

на

Маја Кадиевска Војновиќ е финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно