Интервјуа
Очекувања на менаџментот на КАПИТАЛ БАНКА АД СКОПЈЕ за случувањата во банкарскиот сектор во 2021 година

На почетокот на тековната 2021 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи.
За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Цветан Петринин – Претседател на УО на Капитал Банка АД Скопје.
Банкарство: Дали може да направите кратка ретроспектива на изминатата 2020 година. Кои работи ја одбележаа годината, дали истата беше успешна за Вас и Вашата институција и кои поуки ги извлековте од изминатата 2020 година?
Цветан Петринин: Годината која измина ќе остане запаметена како година во која човештвото се соочи со една од најголемите здравствени кризи предизвикана од корона пандемијата, како и со екомонската криза која е неминовна при ваков вид на здравствена ситуација. Како и глобалната еконимија , така и македонското стопанство беше директно погодено од негативните последици предизвикани од институционалните мерки превземени со цел намалување на ширењето на пандемијата, карантинските мерки, промената во начинот на функционирање на стопанските субјекти , како и промена на на навиките на населението. Секако како резултат на економските мерки превземени од Владата и Централната Банка се изврши ублажување на падот на економската активност.
Банкарскиот систем како поимун систем во економскиот организам ја одигра улогата на стожер во процесот на ублажување на последиците од корона кризата кај стопанските субјекти кои беа погодени од истата. Благодарение на соодветното ниво на ликвидност и висока стапка на адекватност, Капитал Банка овозможи висока респонзивност на барањата и потребите на населението и компаниите, преку овозможување на своите клиенти користење на пакет мерки за олеснување на отплатата на кредитните обврски со цел ублажување на последиците од кризата, кои од своја страна допринесоа за синхронизирање на можностите и потребите на клиентите со неопходните финансиски процеси на Банката што во ниеден момент да не ја намали или загрози стабилноста на Банката.
Работењето во услови на вонредна состојба, неминовно наложува промена во вообичаените конвенционални начини на извршување на банкарските трансакции и активности, при што Капитал Банка изврши широка примена на веќе поставените современи дигитални начини на виртуелното работење, размена на податоци, состаноци и опслужување на клиенти, како основен предуслов за успешно понатамошно опслужување на клиентите, а со тоа и остварување на своите поставени цели.
Капитал Банка во годината која измина постигна остварување на позитивен финансиски резултат, кој споредено во претходната година бележи значајно подобрување, стабилен раст на активата и зголемување на вредноста на капиталот. Воспоставената пракса на прудентно однесување, доброто корпоративно управување следено со надзор воспоставен од страна менаџментот и кадровскиот потенцијал допринесоа нефункционалното портфолио во изминатата година да бележи тренд на континуирано намалување, како и висока резервираност на истото.
Како неминовна поука од изминатата 2020 се наметнува дека успешноста во надминување на вонредните состојби не зависи од тежината и комплексноста на ситуацијата, туку од капацитетот за прилагодување и надминување на истата.
Банкарство: Какви се Вашите очекувања, кои ќе бидат новите трендови во банкарскиот сектор во 2021 година во нашата земја?
Цветан Петринин: Годината која следи ќе ја наметне потребата за финансиско закрепнување на економските субјекти и подржување на стабилизацијата на економската активност. Банкарскиот систем кој во 2021 влегува како стабилен систем во справувањето со негативните последици од корона кризата се очекува да даде особен придонес кон заздравување на македонската економија.
Од друга страна пак, дигитализацијата е новата реалност и воедно новиот начин на опслужување на клиентите. Делумно принудени од ситуацијата која преовладуваше во текот на 2020, употребата на електронскиот начин на вршење на трансакции ја доби својата заслужена предност пред традиционалиот начин на извршување на трансакциите со физичко присуство во експозитурите на Банката, при што се обезбедуваат квалитетни услуги на побрз и поевтин начин. Банкарскиот сектор е со континуиран тренд на модернизација и усовршување на производите и услугите што ги нуди како резултат на сè пософистицираните барања на клиентите.
Банкарство: Што можеме да очекуваме од Капитал Банка АД Скопје во 2021 година?
Цветан Петринин: Водени од исполнувањето на нашата мисија за градење на доверба, сигурност и посветеност кон клиентите, со понуда на финансиски услуги со највисок квалитет, а со цел исполнување на интересите на банката и деловните партнери, Капитал Банка ќе продолжи со поддршка пред се во процесот на закрепнување на клиентите од негативните последици од корона кризата. Партнерскиот однос со нашите клиенти, однос кој се темели на взамена корист и долгогодишна соработка, очекуваме да резултира со позитивни ефекти на обете страни.
Во годината која е пред нас, предвидена е надградба на постоечкиот начин на on-line процесирање на банкарски услуги, кои досега се имплеменирани без физичко присуство на клиентите во делот на кредитирањето и депозитното работење. Исто така, во тек се развивање на нови дигитални пристапи за опслужување на правни лица од областа на кредитирање и факторинг. Паралелно со развојот на новите дигитални услуги, предвиден е и континуираниот развој и надградба на сигурносните заштитни системи на дигиталните трансакции, со цел обезбедување на сигурен, безбеден и ефикасен начин на извршување на трансакциите од страна на клиентите.
Во текот на 2021 година, Банката ќе продолжи со интензивирање на работата со население преку воведување на продукти кои ќе бидат нови и единствени на пазарот, со цел зголемување на пазарното учество, како во однос на кредити на физички лица, така и во однос на депозити на физички лица. Банката и понатаму ќе биде насочена кон подржување на сегментот на микро, мали и средни претпријатија, како најдинамичен сегмент со висока апсорпциона моќ, преку финансиска поддршка на нивното работење.
Интервјуа
Интервју | Д-р КАТЕРИНА БОШЕВСКА: Професионалното управување со побарувањата игра клучна улога за секоја економија

Банките и компаниите треба да продолжат да го доверуваат управувањето со побарувањата на надворешен партнер како што е ЕОЅ, бидејќи преку услугите за наплата и откуп на побарувања се дава значителна поддршка за компаниите и за економскиот систем. Преку оваа поддршка, тие ја враќаат ликвидноста, а истовремено помагаат граѓаните да се интегрираат повторно во системот овојпат ослободени од нивните задолжувања.
Покрај услугите за наплата и откуп на побарувања, компанијата ЕОЅ нуди услуги за меѓународна наплата на побарувањата исто така се’ повеќе наоѓаат своја успешна примена. Компаниите се свесни дека управувањето со побарувањата е една комплексна област, а особено кога нивните задоцнети и заостанати побарувања се наоѓаат кај субјекти кои се наоѓаат во странство. Мрежата на компании и партнери на ЕОЅ во 180 земји околу светот и експертизата на нивните вработени овозможува решавање на 99% од предметите без започнување на правна постапка, што значи помалку трошоци и побрзо разрешување на проблемот за компаниите. (more…)
Интервјуа
Чадиковски за АЕТМ: Комерцијална банка докажа дека е пионер во воведувањето напредни и клучни дигитални решенија

Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и платежни сметки во Комерцијална банка. (more…)
Интервјуа
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

На почетокот на тековната 2023 година, се обраќаме до банките во Република С.Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка
- Анализипред 2 weeks
АНАЛИЗА: Македонските банки со рекордни профити, но далеку зад банките во регионот