Домашни банки
Очекувањата на Стопанска банка АД – Скопје за претстојниот период


Во периодот од 01.01.2020 година до 30.09.2020 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 1.580.087 илјади денари. Во споредба со истиот период од минатата година, остварената добивка е помала за 17,8% како последица на ефектите од пандемијата, кои се значителни како на глобално ниво, така и во домашната економија.
Појавата на пандемијата во текот на првиот квартал од оваа година предизвика сериозни импликации од здравствен и од економски аспект на глобално ниво. При првите знаци на пандемијата, Стопанска банка АД Скопје реагираше промптно со преземање мерки за заштита на здравјето на вработените и на клиентите во согласност со препораките на надлежните институции во земјата и најдобрите познати меѓународни препораки во овој домен.
Најголемиот удар врз домашната економија предизвикан од пандемијата беше почувствуван во второто тримесечје од годината кога БДП регистрираше годишен пад од 12,7%. Притоа, кај расходната страна единствено јавната потрошувачка порасна, додека сите други компоненти беа негативни. Ризиците и неизвесноста продолжуваат и понатаму.
Во многу држави во светот, вклучително и нашата, здравствената криза се засилува, со што се засилуваат и потенцијалите за негативни движења во економиите, како глобално, така и локално. Во однос на ценовните движења, ниската и стабилна инфлација го задржува својот тренд со помали притисоци од повисоките цени на електричната енергија и на храната.
Дефицитот на тековната сметка во првата половина од годината достигна 2,1% од БДП, слично како во истиот период минатата година. Поголем притисок се чувствува во фискалниот дел, при што буџетскиот дефицит заклучно со 30.09.2020 година изнесуваше 5,1% од БДП, додека јавниот долг со состојба 30.06.2020 година достигна 60,3% од БДП. Овој притисок се очекува да се намали по надминување на кризата.
Како и досега, Стопанска банка АД – Скопје ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки и активности потребни за намалување на минимум на негативното влијание од кризата и приспособување кон новонастанатите услови во економијата и во општеството во целина.
Домашни банки
Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција го зголеми капиталот за нови 30 милиони евра


Халкбанк официјално изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција за зајакнување на банкарскиот капитал во земјата. (more…)
Домашни банки
Развојна банка со нето-профит од 45 милиони денари во првото полугодие на 2022 година


Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ) соопшти дека и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата. (more…)
Домашни банки
Шпаркасе Банка со нова експозитура во Маџари!


Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека на 08.08.2022 година ќе започне со работа новата експозитура во населба Маџари. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје