Домашни банки
Охридска банка со известување за предвремена исплата на пензиите за април 2020 година

Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за април 2020 година во периодот 27.04.2020 година – 30.04.2020 година.
Согласно усвоената Информација за исплата на пензии за април 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, Охридска банка АД Скопје ќе ја врши исплатата на пензиите според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– Понеделник (27.04.2020 год.) – исплата на пензии висина до 11.000 денари;
– Вторник (28.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 11.001 денари до 14.000 денари
– Среда (29.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина 14.001 денари до 18.000 денари
– Четврток (30.04.2020 год.) – исплата на пензии во висина над 18.000 денари
Охридска банка АД Скопје АПЕЛИРА до клиентите – корисници на пензија со дебитни картички да ја подигнат пензијата на банкоматите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија каде што подигнувањето средства со дебитна картичка е без провизија, со тоа што да се внимава на минимум растојание од 2 метри заради општа безбедност и превенција.
За клиентите на Банката – корисници на пензија без дебитни картички, Банката ќе обезбеди готовинска исплата преку благајните во експозитурите, но исто така СЕ АПЕЛИРА на почитување задолжително растојание од 2 метри при чекање во ред.
Клиентите потребно е да го запазат редоследот на исплата на пензии, осносно да ги подигнуваат пензиите на шалтер во деновите во чија група на исплата припаѓаат.
Заради почитување на мерките за превенција од Корона вирусот и заради излегување во пресрет на повозрасната група граѓани над 67 години за кои важи рестрикција на движење во работните денови од 05:00ч. – 12:00ч., Банката апелира до своите клиенти кои смеат да се движат по 12:00ч., во тој период да ја подигнуваат својата пензија за да се остави простор и време на корисниците на пензија за кои има слобода на движење од 05:00ч. – 12:00ч. да подигнат пензија во соодветното време.
Охридска банка АД Скопје го промени работното време на своите експозитури и истите ќе работат од 08:00ч. – 16:00ч., а во Охрид експозитурите Централа и Минимаркет ќе работат од 07:00ч. – 16:00ч.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје