Connect with us

Домашни банки

Охридска банка со известување за предвремена исплата на пензиите за август 2020

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши предвремена исплата на пензии за август 2020 година во периодот 26.08.2020 година – 01.09.2020 година согласно Информацијата за исплата на пензии за август 2020 година на македонската влада.

Од 26.08.2020 година (среда), за корисниците на пензија, иматели на платежни картички, пензијата ќе биде достапна преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка АД Скопје и Шпаркасе банка Македонија каде што подигањето на средства е без провизија.

Охридска банка ќе врши готовинска исплата на пензии преку мрежата на експозитури. Исплатата на пензиите ќе се врши според редоследот утврден од владата:

ДатумПензија
26.08.2020 (среда)До 11 000 денари
27.08.2020 (четврток)Од 11 001 до 14 000 денари
31.08.2020 (понеделник)Од 14 001 до 18 000 денари
01.09.2020 (вторник)Над 18 000 денари

Охридска банка АД Скопје апелира до корисниците на пензија кои поседуваат платежни картички да ја подигнат пензијата преку мрежата на банкомати за да не се создава метеж во експозитурите, а корисниците на пензија кои ќе подигаат пензија на готовински начин, да одржуваат растојание од 2 метри при чекање ред.

Домашни банки

Македонска банкарска асоцијација: Циркулираат лажни информации за банки, внимавајте кои информации ги земате за веродостојни!

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека изминатите денови е присутна појава на објави со неточни информации за поединечни банки, коишто можат да предизвикаат неоснована вознемиреност кај граѓаните. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Пензиите ќе се исплаќаат од 27-ми октомври

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на денешната 13-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и притоа го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година (понеделник) (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкомат на Централна кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека е поставен нов банкомат на следната локација: во просториите на локалот Шкорпион 13, бул. “Маршал Тито” бр. 79, Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно