Connect with us

Домашни банки

Охридска банка со дополнителни поволности за клиентите корисници на животно осигурување

Објавено

на

Со цел надминување на потешкотиите со кои би се соочиле клиентите во овој тежок период настанат поради Корона-кризата, Охридска банка на својата веб страна објави Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020 година, за промена на договорните услови за кредитните производи на клиентите на Банката.

Согласно известувањето во објавената Јавна понуда со број 2707 – 16439/1, од 31.03.2020, Охридска банка понуди и дополнување на објавата за начинот на регулирање на обврските за клиентите кои користат кредитно животно осигурување, со вклучена месечна пресметка во кредитите:

  • Се одложува наплатата на месечна премија за кредитно животно осигурување за период од 6 (шест) месеци, почнувајќи од 01.04.2020 година се до 30.09.2020 година;
  • Клиентите кои користат кредитно животно осигурување ќе бидат осигурани и за време на периодот на одложување;
  • На клиентите кои ќе ја прифатат понудата за одложување на кредитните обврски, а истовремено користат кредитно животно осигурување со месечна премија, за целото времетраење на одложувањето, ќе им се пресметува, но нема да се задолжува месечна премија. По истекот на периодот на одложување, пресметаната премија ќе биде договорно регулирана. Истовремено, сите обврски по кредитот (вклучувајќи ја и премијата) кои ќе бидат пресметани од 01.04.2020 до 30.09.2020 година, ќе може да бидат автоматски продолжени за дополнителни 6 месеци, без склучување на Анекс/Договор и ќе бидат правно валидни, согласно донесената Уредба.

Јавната понуда е наменета за клиентите на Банката – физички лица, кои користат кредитни производи и имаат кредитна изложеност во Банката со класификација, А, Б, В и немаат статус на нефункционална изложеност, заклучно со датум 29.02.2020 година.

Ова дополнување на понудата е неделиво од целокупната понуда за одложување на обврските по кредитни изложености на клиентите и важи до 10.04.2020 година.

Од Банката потсетуваат дека клиентите кои сакаат да продолжат со редовно сервисирање на своите обврски кон Охридска Банка, потребно е за тоа да ја известат Банката преку меил адресата креирана за оваа намена retail.covid19@ob.com.mk, најдоцна до 10.04.2020 година. Во спротивно ќе се смета дека истата ја прифаќаат. Клиентите кои ја прифаќаат понудата, не треба да ја известат Банката. На наведената меил адреса клиентите треба да ги достават следните податоци:

Име и Презиме

Датум на раѓање

Телефон за контакт

Адреса на живеење (од лична карта)

Доколку клиентите немаат можност електронски да достават информација дека не ја прифаќаат понудата, ќе биде потребно во рокот предвиден за известување да ја посетат најблиската експозитура на Банката за да дадат писмено известување дека не ја прифаќаат понудата

За сите прашања поврзани со Понудата, клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка АД Скопје на (02) 15 050 или на меил адресата obinfo@ob.com.mk

Домашни банки

Радмила Јованова од Шпаркасе Банка – Филијала Штип со награда за спортски подвиг во 2022 година

Објавено

на

Општина Штип традиционално секоја година организира настан – „Избор на спортист на годината на Штип”, на кој се избираат најдобрите спортисти и спортски работници и клубови во изминатата година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Добивката на ТТК Банка порасна за 36,4% и дојде до 1 милион евра во 2022 година

Објавено

на

Во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, водејќи се од основните принципи за сигурно и стабилно работење, ТТК Банка АД Скопје управуваше успешно со сите деловни аспекти од работењето што ја одразува одржливоста на деловен модел. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година

Објавено

на

Халкбанк ги објави резултатите од работењето во изминатата 2022 година, кои го потврдија епитетот најбрзо растечка банка во Северна Македонија. Сето тоа постигнато со посветена работа, добро дефинирана стратегија и фокус на зацртаните цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно