Connect with us

Кредити

Охридска банка Сосиете Женерал ја продолжува промоцијата на своите производи со дополнителни поволности на своите клиенти

Објавено

на

Почнувајќи од 15 Септември, Охридска банка АД Скопје воведува дополнителни промотивни услови на своите производи.

Имено, станбениот кредит, кеш кредитот, како и хипотекарниот кредит кој ги нуди банката, сè до 31 Декември 2019 година, клиентите може да ги добијат со унапредени промотивни услови кои им овозможуваат олеснувања при купување на нов стан, или куќа, како и олеснување во остварувањето на своите желби преку атрактивната понуда за кеш кредитот и хипотекарниот кредит.

Промотивно, до 31 декември 2019 г., станбениот кредит „5+“ ќе биде достапен за сите клиенти без нотарски трошоци и без административен трошок, а се однесува на сите поднесени апликации во дадениот период. За предвремена отплата на кредитот со сопствени средства, нема провизија.

Кеш кредитот, познат како „Лесен кеш кредит“ има промотивни услови кои ги ослободуваат клиентите од административните трошоци за кредити со вклучено кредитно животно осигурување. Каматната стапка е фиксна за целиот период на отплата на кредитот, а во промотивниот период за апликациите поднесени до 31 Декември 2019 година, каматната стапка започнува од 5,1%. За предвремена отплата на кредитот нема провизија. Така на пример, за износи во висина од 600.000 денари, со рок на отплата од 95 месеци со моделот (1+7), во првите дванаесет месеци каматната стапка изнесува 5,1%, а следствено на тоа ратата изнесува 7.937 денари, а од тринаесеттиот до девеесет и петиот месец, ратата од кредитот изнесува 8.653 денари, за кредити со вклучено кредитно животно осигурување.

Кеш хипотекарниот кредит од Охридска банка ви овозможува да ги спакувате сите свои обврски и рати во еден кредит во вкупен износ до 50.000 евра со рок на отплата до 20 години и да плаќате една месечна рата со поволни услови. До крајот на годината овој кредит на клиентите ќе им биде достапен со фиксна каматна стапка од 4,5% за првите три години и без административен трошок за кредити со вклучено кредитно жвотно осигурување.

Охридска банка Сосиете Женерал им овозможува на своите клиенти да аплицираат онлајн за било кој производ за кој се заинтересирани. Во своето портфолио Банката постојано воведува нови можности и унапредени услови за своите произоди со цел создавање на конкурентна понуда која ќе биде едноставна, лесно достапна и прилагодена на потребите на клиентите. Водејќи се од начелата за иновативност, посветеност и одговорност, Банката секоја година во континуитет е препознаена како најдобра банка во Македонија од значајни меѓународни банкарски авторитети.

Повеќе информации за дополнителните промоции на Банката може да прочитате на новата веб страницата на Банката www.ohridskabanka.mk, или да побарате информации во Контакт центарот на телефонскиот број (02) 15 050.

За Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал еуниверзална банкарска институција која припаѓа на една од најголемите финансиски групации во светот – групацијата Сосиете Женерал. Со повеќе од 146.000 вработени, со присуство во 66 земји, Групацијата Сосиете Женерал опслужува 31 милион клиенти низ целиот свет повеќе од 150 години. Охридска банка Сосиете Женерал функционира според високите стандарди на Сосиете Женерал, почитувајќи ги четирите главни вредности на Групацијата: тимски дух, иновација, посветеност и одговорност. Основната стратегија на Охридска банка Сосиете Женерал е постојаното унапредување на квалитетот на извршувањето на банкарските услуги и нејзината целосна посветеност да ги задоволи потребите на своите клиенти. Преку своето седиште во Скопје и широката мрежа од 27 експозитури на територијата на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал има за цел да биде поим за банкарски односи, препознатлива на пазарот, блиска до клиентите, избрана поради својот квалитет и посветеноста на нејзините тимови. Охридска банка Сосиете Женерал во 2016 година е носител на три награди во категоријата „Најдобра банка во Македонија“ од трите најважни банкарски авторитети – „Global Finance“, „Euromoney“ и „The Banker“ и носител на наградата „Најдобра банка во Македонија“ во 2017 година од „Global Finance“ и „Euromoney“. Во 2018 година, банката повторно ја доби наградата за Најдобра банка во Македонија,споредпознатиотмагазин „GlobalFinance“. Во 2019, Охридска банка Сосиете Женерал по четврти пат го понесе признанието на „Global Finance“ за Најдобра банка во Македонија.

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Со станбениот кредит на Стопанска банка а.д. Битола имате можност лесно да ги остварите вашите желби и да ја искористите одличната понуда со услови кои најмногу ви одговараат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на УНИБанка

Објавено

на

 

Станбениот кредит со фиксна каматна стапка за 7 години на УНИБанка се карактеризира со максимален износ кој зависи од кредитоспособноста на клиентот во висина на купопродажната цена согласно преддоговор за купопродажба, односно од 50% до 75% од вредноста на пазарната проценка на имотот, а во зависност од локацијата на имотот понуден како обезбедување за кредитот и максимален рок на отплата до 30 години (360 месеци). (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЕДЕЛА НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ: Анализа на станбениот кредит на ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка во својата понуда наменета за физички лица има одличен кредит наменет за инвестирање во станбен и деловен простор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно