Connect with us

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал формира Клуб на таленти, наменет за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Во рамки на годишната стратегија за општествена одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал денес ја најавува својата платформа за општествена одговорност наречена, ОБСГ Клуб на таленти, која ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и истите финансиски да ги поддржува.

ОБСГ Клуб на таленти, како концепт, ќе функционира на база на конкурси кои ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Сите заинтересирани кои ќе ги исполнуваат условите ќе може да се пријавуваат, а Банката како основач на клубот заедно со однапред дефинирано стручно жири во секоја област, ќе избира финалисти и еден победник кој ќе биде финансиски награден и поддржан од страна на Банката.

Првиот конкурс на Банката заедно со темата и условите за учество, во рамки на Клубот на таленти ќе биде објавен на почетокот на јули, годинава.

Водејќи се од основните принципи на работењето, тимски дух, иновација, посветеност и одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал како општествено-одговорна компанија, на годишно ниво издвојува значаен износ на финансиски средства кои ги насочува во различни области како култура, спорт, образование и тн., секогаш изнаоѓајки таленти и потенцијали на кои им е потребна поддршка за развој на својот талент, доедукација и усовршување во својата насока, се со цел да помогне во развојот на сите млади кои покажуваат потенцијал во одредена насока.

“Како општествено одговорна компанија со сериозен годишен план сме искрено насочени кон помагање на заедницата. Ја создаваме платформата за општествена одговорност наречена ОБСГ Клуб на таленти, со цел под една капа да ги ставиме сите наши заложби во оваа насока. Минатата година со 10.000 евра поддржавме една одлична изнис идејата, која денес прерасна во сериозен бизнис. Овојпат преку конкурси во различни области ќе се насочиме во други насоки. Сакаме да оставиме белег и придонес во општеството и истовремено да дадеме поддршка на младите потенцијали на нашата земја, баш кога тоа им е најпотребно’’ – изјави Нина Неданоска, Член на УО на Охридска банка Сосиете Женерал.

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange