Connect with us

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал и ЕБРД потпишаа договор за повластена кредитна линија наменета за мали и средни претпријатија

Објавено

на

Охридска банка Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за нова кредитна линија со повластени услови наменета за малите и средни претпријатија во Македонија.

Станува збор за кредитна линија која Охридска банка Сосиете Женерал ја обезбеди преку Европската банка за обнова и развој, во вкупен износ од 10 милиони евра, наменета за мали и средни претпријатија за унапредување на производствените капацитети и исполнување на Директивите на ЕУ кои се однесуваат на заштита на околината, безбедност на вработените и квалитетот на производите, а поддржана од Европската банка за обнова и развој преку грантови наменети за компаниите, во висина до 15% од вкупната вредност на износот на кредитот.

Охридска банка Сосиете Женерал е прва банка на пазарот, која на македонските компании ќе им ја понуди оваа поволна кредитна линија, како можност со поволни услови да го унапредат своето работење и своите перформанси.

Домашни банки

Осигурување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова локација на експозитурата на НЛБ Банка во Ново Лисиче – Скопје

Објавено

на

Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14.1.2019 година, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange