Connect with us

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал добитник на признание за oпштествена одговорност во категоријата “Односи на пазарот”

Објавено

на

Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата при Министерството за економија ги додели признанијата и наградите за компаниите кои во изминатата година, промовирале општествено одговорни практики во нивното делување. И оваа година, вложувањата во иновативни и едиствени понуди за македонските граѓани и пазарот во целина, на Охридска банка Сосиете Женерал и донесоа Признание за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата “Односи на пазарот”.

Наградени се производите “Осигурување на трансакциска сметка и Осигурување на депозит” кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат итен еднократен надомест од 500 евра од осигурување и вкупен износ во максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 5.500 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил.

“Ни претставува чест и задоволство, што покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во земјата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите, дури и на најспецифичните категории на клиенти. Ова е потврда за нашата посветеност кон клиентите и уверени сме дека создадовме портфолио со кое во случај на немил настан клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството” – изјави Елена Глигоровска, Раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации.

Целта на овие признанија е да се промовираат најдобрите практики на општествено одговорно делување и истите да бидат инспирација и пример за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија. Категоријата “Односи на пазарот”, во која е наградена Охридска банка Сосиете Женерал ги зема предвид правата, интересите и потребите на потрошувачите и клиентите и промовира практики кои се во согласност со меѓународните стандарди за квалитет.

Ова е втора награда која Охридска банка Сосиете Женерал ја добива од Националното координативно тело при Министерството за економија на Република Македонија за своето опшетствено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествено одговорност во категоријата Односи на пазарот за производот “Осигурување на кредитни и дебитни картички”.

Домашни банки

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир

Објавено

на

На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што истиот се прошири на вкупно шест члена. За нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д именувани се: Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите доаѓаат од НЛБ д.д или НЛБ Групацијата, имаат долгогодишно искуство и се веќе докажани во својата работа. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка: Известување за работно време на филијали и експозитури на 19.1.2022 година (среда)

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека по повод претстојниот празник – Богојавление (Водици), на 19.1.2022 година (среда) ќе работат следните филијали и експозитури на Банката: (more…)

Продолжи со читање

Популарно